Проблемите со циркулацијата влијаат на начинот на живот, а посебно доаѓаат до израз во постудени временски услови. Посебно не е лесно навикнувањето од студено на топло, па затоа погледнете ги 7 начини за тоа како може да си ја подобрите циркулацијата.

 

Бирајте обувки во која нозете ќе ви бидат секогаш топли и суви

 

Проблемот со мокрите нозе влијае негативно врз циркулацијата, а посебно ако е тоа единствена опција и ако мора цел ден да го минете во тие чевли. Затоа бирајте обувки кои се водоотпорни и за секој случај имајте секогаш со себе пар чевли во резерва.

 

Загревајте ја облеката

 

Утрата знаат да бидат посебно студени, а по будење телото е се уште загреано и студот за него претставува шок. Најдобро е облеката да ја топлите на радијатор додека се туширате или појадувате. На тој начин ќе ја стоплите пред да ја облечете и ќе го спасите телото од студ.

 

Топла вода

 

Ако пуштите млаз топла вода по зглобовите од рацете, ќе дојде до загревање на крвта, која брзо ќе проструи низ целото ваше тело, и така на наједноставен начин за миг ќе ја подобрите циркулацијата

 

Бања наместо туширање

 

Ако имате време, секогаш бирајте најпрво капење. Со лежењето во када телото ја впива топлината од водата и на тој начин се поттикнува циркулацијата. Телото останува загреано уште некое време по излегување од кадата, крвните садови се проширени, а тоа делува смирувачки врз напнатите мускули и умот.

 

Вежбање

 

Освен што е добро за телото, вежбањето ослободува од стрес и напнатост и ја подобрува циркулацијата на крвта, па телото станува потопло и поподвижно.

 

Варена храна

 

Топлата и зготвена храна моментално и многу ефикасно влијае врз подобрување на циркулацијата на крвта.

 

 

Топли напитоци

 

Освен што ги загреваат коските, не чуваат од настинки и го забрзуваат крвотокот. Затоа една шолја дневно топол чај се препорачува без разлика на тоа колку степени има надвор.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина