Како да се ослободите од стриите и опуштената кожа?
Стриите обично се појавуваат како паралелни линии или линии на површината на кожата. Овие линии воглавно се долги и тенки и по боја и текстура се разликуваат од нормалната кожа. Дали ќе ги добиете зависи од типот на кожата која ја имате. Колагенот е протеин во кожата која ја прави кожата еластична и растеглива и е многу важен предуслов за добивање на овие линии. Ако имате многу колаген во кожата, помалку е веројатно дека ќе ги добиете.
Пред да се појават стриите, загрозената кожа станува тенка, сплескана и со розова боја и може да се чувствува чешање. Потоа стриите се појавуваат како црвени или виолетови линии, но можат да бидат и црвеникави, црвеникаво – кафеави или со темнокафеава боја, во зависност од бојата на кожата. На допир на прстите, може да почувствувате нерамнини и испакнатини во кожата, пред таа на крај да стане рамна. Понекогаш може и да болат. Како што ќе стануваат порамни, ќе почнат да ја менуваат бојата во бела или во сребрено сива и да исчезнуваат. Стриите обично бледнеат и стануваат помалку воочливи со тек на време, а тоа понекогаш може да потрае со години.
Полесно може да се ослободиме од нив кога настануваат, додека се се уште црвеникави. Ако не сакате да чекате, постојат природни начини и третмани кои можат да ви го подобрат изгледот. Меѓутоа, мора да знаете дека ниту еден третман не може да направи тие да исчезнат целосно.
Јајцата се богат извор на протеини. За стриите се користи само белката, која содржи аминокиселини и протеини. Изматете ги белките од две јајца, исчистете ја со вода кожата и потоа нанесете ги во дебел слој. Оставете ги да се исушат целосно, а потоа измијте го местото со студена вода и нанесете маслиново масло. Повторувајте го процесот најмалку две недели.
Рицинусовото масло, кое се користи за лекување на бројни проблеми со кожата, како младежи, брчки, акни и старечки пеги, е одлично за стриите. Нанесете го во подебел слој и нежно масирајте го со кружни движења, 5 – 10 минути. Потоа замотајте го делот во памучна ткаенина и загревајте го најмалку половина час. Повторувајте го овој процес еднаш дневно или неколку пати неделно.
Лимоновиот сок е уште еден од начините за намалување на видливоста на стриите. Втријте свеж лимонов сок со кружни движења на проблематичните делови и почекајте да се впие 10 минути пред да ја измиете кожата со топла вода.
Алое верата е исто така многу ефикасна во лекувањето на проблеми со кожата. Може директно да втриете алое вера на делот од кожата зафатен со стрии и да ја оставите да делува 15 минути. Потоа измијте ја кожата со топла вода.
Покрај овие производи, консумирањето вода и хидратизацијата на организмот е многу важна и помага во заштитата на кожата од многу проблеми, ја поттикнува детоксификацијата и помага кожата да биде еластична. Стручњаците препорачуваат од 8 до 10 чаши вода дневно како најдобар начин за телото да биде хидрирано.
Вежбајте
Би било добро неколку пати неделно по 20 минути до половина час да применувате вежби. Не само што ќе ја затегнете кожата, туку и ќе се ослободите од натрупаните килограми, придонесувајќи истовремено за здравјето и враќајќи си ја некогашната форма.
Не држете нагли диети
Опуштената кожа е последица од наглото губење килограми, посебно затоа што при овие диети не се внесуваат доволно витамини и минерали.