Како да се ослободите од митисерите по природен пат?
Митисерите настануваат како последица од претерано лачење себум на лојните жлезди во комбинација со бактерии, прашина и останати нечистотии. Најчесто се наоѓаат на носот, брадата и челото, но може да се појават и на останатите делови од телото, за кои е карактеристично засилено лачење на себумот. Во нормални околности, себумот ја штити кожата од исушување, но на пат до површината од кожата може да остане заробен и да предизвика затворање на порите и настанок на митисери.
Нега на сувата кожа во шест чекори
Кога еднаш ќе се појават, митисерите тешко може трајно да се отстранат без помош од дерматолог. Но, со помош на неколку природни препарати можно е да се постигне задоволителен ефект при нивното отстранување и спречување на повторна појава.
Лимон и лимета
Лимоновиот сок често се користи како ефикасен домашен препарат во борбата против митисерите, со оглед на тоа што делува на стеснување на порите, а освен тоа ги чисти, дезинфицира и отстранување мртвите клетки од кожата. Нанесете свеж лимонов сок на лицето и оставете го да делува преку ноќ. Наутро измијте го лицето со млака вода.
Доколку имате чувствителна кожа на лицето или почувствувате продолжено пецкање, веднаш измијте ја кожата. Внимавајте и да не се изложувате директно на сонце, бидејќи лимонот ја прави кожата чувствителна т.е. подложна на изгореници.
Како да се негува кожата склона на митисери?
Доколку лимонот го измешате со мед, ќе направите ефикасен пилинг. За исклучително масна кожа можете да додадете и една лажичка јогурт. Со добиената смеса нежно масирајте ја кожата десеттина минути, а потоа измијте го лицето.
Рецепт: Маска за лице против митисери со активен јаглен
Активниот јаглен се користи во медицината при труење со храна, но делува фантастично и како магнет за нечистотиите од порите. За овој рецепт кој ќе ви даде завиден тен, потребни се:
- 3 таблети активен јаглен
- 1 лажичка алое вера сок (ako немате алое, може да се замени со лимон)
- 1 лажичка мед
- 1/2 лажичка вода
При мешање на смесата не користете метална лажица или сад, бидејќи активниот јаглен ги излекува токсините од нив. Јагленот е најдобро да се издроби со дрвена лажица и потоа сите заедно да се измешаат.
Оваа маска треба да се држи на лицето 10 – 15 минути, а потоа се измива со топла вода, со кружни движења. Потоа можете да направите пилинг со оној кој веќе го користите. По пилингот, добро нахранете ја кожата со хидратантна крема.
Зобена каша
Зобената каша е многу ефикасна во борбата против митисерите, бидеќи може да извлече голем број маснотии и масла длабоко од кожата на лицето. Сварете ја кашата како кога ја подготвувате за јадење и потоа оставете ја да се олади. Додадете мед во неа и нанесете ја на претходно исчистено лице. Оставете ја да делува 10 минути и потоа измијте ја.
Чувствителна кожа – како да ја негувате
Ако овој третман го повторувате редовно, набрзо треба да ги видите резултатите. Наместо мед, можете да направите маска од јогурт и зобена каша. Измешајте 3 лажици јогурт со 2 лажици зобени снегулки и додадете им една лажичка лимонов сок. Добиената маска нанесете ја на лицето и оставете да делува десеттина минути, потоа измијте ја со топла вода. Овој третман не се препорачува да се користи повеќе до два пати неделно.
Црн пипер и павлака
Маската од црн пипер и павлака е многу ефикасна во остранувањето и спречувањето на појавата на митисерите. Се што треба да направите е да измешате една лажичка црн пипер со павлака и добиената смеса да ја нанесете на местата каде имате митисери. По неколку минути, кога смесата ќе се исуши, измијте го лицето со топла вода.
Рецепт: Маска против митисери на носот
За овој рецепт ќе ви биде потребно:
- 1/2 лажичка желатин
- 1/2 лажичка + 2 лажици вода одделно
- 1 лажичка зобени снегулки
- 1 лажичка сиров мед
- Во желатинот додадете 2 лажици филтрирана вода и оставете го да отстои 3 минути.
Зобот иситнете го во блендер и потоа измешајте го со половина филџан вода и мед. Потоа мешајте го тоа на среден оган, се додека смесата не стане густа како каша. Потоа додадете го вооваа смеса желатинот и мешајте се додека тој не се ,,стисне,,. Маската може да ја нанесете на лицето кога температурата ќе и падне како онаа на телото. Оставете ја да делува 15 – 20 минути, а потоа измијте ја со топла вода.
Белки од јајце
Белките се богати со протеини и можат да помогнат во обновувањето на кожата и лекувањето од митисерите. Исто така, тие може да помогнат при апсорпцијата на вишокот масло од лицето. Изматете ги белките и кога ќе се претворат во пена нанесете ги на лицето. По 15 минути измијте го лицето со топла вода. Поради исушувачкиот ефект, маската користете ја најмногу еднаш неделно.
Краставица
Краставицата е многу ефикасна противвоспалителна состојка која може да помогне во остранување на митисерите и акните. Излупете ги крставиците и ставете ги во блендер за да добиете паста која ќе послужи како маска. Добиената смеса нанесете ја на лицето, оставете ја да делува 10 минути и потоа измијте го лицето со топла вода. Кожата ќе ви биде чиста и освежена, што треба да помогне во отстранување на митисерите. Постапката може да ја повторувате 2 – 3 пати неделно, за да добиете најдобри резултати.
Рецепт за пилинг
- 1 лажичка сода бикарбона
- ½ лажичка мед
- 1 лажичка маслиново масло
Измешајте ги сите состојки и нанесете ја смесата на местата каде има митисери. Вмасирајте ја во кожата со кружни движења. Оставете да делува 10 – 15 минути, а потоа измијте го лицето со топла вода.
Повторувајте ја оваа постапка секој ден. За една недела ќе видите како митисерите исчезнуваат, а кожата станува многу мазна и нахранета.
Компир
Маската од компир може да биде многу ефикасна во остранувањето на длабоките митисери. Изрендајте еден компир и додадете му малку вода. Добиената смеса треба да биде доволно густа за да може да се нанесе на лицето. Оставете ја да делува 10 минути и потоа измијте го лицето со топла вода.
Домат
Доматите се ефикасни при неутралиизрање на масната кожа. Тие содржат во себе хранливи материи, како што е магнезиумот, калциумот и калиумот, кои ќе ја направат кожата поздрава. Масирајте го лицето со домат 5 – 10 минути.
Доматот исто така може и да се исцеди и да се измеша со мед и лимонов сок. Добиената смеса нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 20 минути.
Нане
Нането е ефикасно во борбата против митисерите, бидејќи содржи природен аналгетик кој има антивоспалителни својства. Иситнетите листови втријте ги во кожата и оставете да делуваат 5 минути.