Темните кругови околу очите знаат да бидат навистина напорен сопатник во секојдневниот живот. Причината за нивната појава може да биде генетска, но може да биде и последица од замор, болест, депрЕсја или неправилна исхрана. Подочниците кај анемичните луѓе се темни, кај бубрежните болни се отечени, додека кај оние кои се склони кон пиење големи количини алкохол се виолетови. Ова е се почест проблем и кај мажите и кај жените, но дамите тоа повеќе ги загрижува и поради естетиката.

 

Покрај тоа што се сметаат за прв сериозен знак за стареење, подочниците многу често се и првиот сигнал кој ни го испраќа организмот и кој не упатува дека постои некој проблем или дисбаланс.

 

Ако проблемот не е од посериозна природа треба да послушате неколку совети со цел да ги намалите или засекогаш да се ослободите од подочниците.

 

За почеток, треба да го смените начинот на исхрана, барем делумно. Имено, одбегнувајте солена и многу зачинета храна, посебно во вечерните оброци. Секојдневно внесувајте повеќе течности, обидете се да пиете повеќе обична вода или некој растителен чај.

 

Подочниците, посебно оние потемните, често се поврзани со недостаток на витамините К и Б12. Јадете многу овошје и зеленчук, пред се све зелен лисјест зеленчук како што се спанаќ, зелка, кељ и слично. Негувајте ја кожата на лицето со ноќна крема или гел. Чувствителната коа под очите треба дополнително да се храни. Ако се рабудите со длабоки подочници, можете да ги ублажите со студени облози од камилица или од зелен или црн чај.

 

Делот околу очите во лето е важно да се заштити од сонцето, а во есен и зима од ветрот и студенилото. И во двата случаи може да помогнат очилата за сонце, но и заштитните креми.

 

За да ги прекриете подочниците со шминка, нанесете во облик на триаголник коректор под окото. Шминкерите велат дека тоа ќе биде триаголник на светлината, која ќе го тргне вниманието од неправилностите. Коректорот натапкајте го со аглите и на средина на окото.

 

Во намалување на подочниците може да помогне и компирот. Ставете го во фрижидер на 5 – 10 минути, a потоа исечете два круга од него и ставете ги на затворените капаци и делот околу очите и оставете ги да отстојат 15 – 20 минути. Ова е одлично за вреќестите подочници – веднаш се забележува намалување на подочниците под очите. Повторувајте го овој третман колку можете почесто. Помагаат исто така и кругови свежа краставица.

 

Спијте доволно и обидете се да не поминувате многу време пред мониторот, посебно во ситните ноќни часови.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина