Природата ни има дадено различни телесни градби додека некои од нас се дебелеат во горниот дел од телото, каде целиот вишок се трупа на стомакот, други мака мачат со колковите и задникот. Ако спаѓате во втората група, мора да промените одредени навики и да почнете борба со овој проблем. Во продолжение погледнете на кој начин може да се постигне тоа.

 

1. Добар појадок – Никогаш не го прескокнувајте појадокот, бидејќи тоа е оброк кој треба да ви даде енергија за почеток на денот. Нека биде богат со влакна, кои го подобруваат варењето и го забрзуваат метаболизмот, и со здрави јагленохидрати и протеини, кои ќе ви ја дадат потребната енергија.

 

pojadok1

 

2. Кардио вежби – Најдобар начин за ослободување од вишокот килограми на колковите и задникот се кардио вежбите, кои ги активираат токму овие делови од телото трчање, возење велосипед, ролери и прескокнување јаже. Ако сакате вистински резултати, и тоа во најкус можен рок, одвојте по еден час, пет дена во неделата за овие активности.

 

kardio1

 

3. Целни вежби – За нозете и задникот да ви изгледаат убаво, мора да се прават вежби кои се наменети токму за овие мускули. Тие ќе го зголемат тонусот на мускулната маса и ќе ја чуваат кожата од опуштање. Исто така, ќе влијае и на подобар проток на крвотокот, па со тоа ќе помогне во борбата со целулитот. Постои голем број на вежби кои можат да се прават и дома со помош на лента, пилатес топка или класични вежби. Одберете ги оние кои најмногу ви одговараат и правете ги барем половина час дневно.

 

vezbi1221

 

 

4. Движете се повеќе – секојпат кога можете искористете го просторот околу вас за вежбање качувајте се пеш по скали наместо да одите со лифт, забрзувајте го одот по угорница и правете чучнувања во канцеларија. Сите овие активности ќе ја забрзаат работата на срцето и ќе го поттикнат согорувањето на калориите, но и ќе го затегнат долниот дел од телото.

 

dvizenje1

 

 

5. Правилна хидратација – секој пат кога ќе ожеднете, посегнете по чаша вода наместо сок. Така ќе го прескокнете внесувањето на разни калории и ќе го хидрирате телото, што е неопходно за ефикасен проток на материи и за забрзување на метаболизмот.

 

hidratacija1

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина