Како да се ослободите од масните наслаги околу стомакот?
Во зимските денови, а и со оглед на празниците кои се приближуваат често се случува малку да се запустиме. Овој период е период на слави, родендени, предновогодишни забави и натани од секаков вид, се јаде и пие пообилно, па неретко се случува после Нова Година да имаме неколку вишок килограми. Едно од најчестите подрачја каде се таложат масните наслаги е подрачјето на стомакот, а што е и најлошо бидејќи потешко потоа можеме да се ослободиме од „појасот за спасување“
Кај мажите и жените масните наслаги се таложат на различен начин. Кај мажите по правило масните наслогис е таложат околу стомакот, додека кај жените најпрво одат во подрачјето на колковите и задникот. Секако, не сме сите исти и ова не мора да важи за сите. Она што е општо и важи за сите е дека со мала промена во начинот на исхрана и редовно вежбање може да се направи значителна разлика во губењето на масните наслаги и затегнатоста на телото.
Напад на маснотиите со комбинирана акција
Вашето тело троши енергија во форма на масти и стомакот е местото каде сето тоа започнува. Ако почнете диета без истовремено да вежбате, ќе ја изгубите мускулна маса и телото нема да ви изгледа затегнато. Ако пак, се обидете да го решите проблемот само со вежбање, исто така нема да постигнете многу. Затоа е важно вишокот на масти да го нападнете со комбинирана акција. Единствено така ќе постигнете долгорочни цели.
Слабеењето, а со тоа и губењето на сантиметри во пределот на стомакот, почнува со вложување труд и напор. Но за почеток, треба да се разбие еден мит. Факт е дека мастите не можат да се отстранат само од одреден дел од телото! Вистината е дека повторувањето на стотици и стотици стомачни вежби не е правилниот начин за отстранување на салото во овој дел. Исто така, не постои вежба, магична крема, сауна, појас или нешто друго што би можело да се стопи масти само од одредени точки на телото. По правило, на местото каде масните наслаги први се појавуваат, последни се топат.
Најдобар план да се ослободите од масното ткиво
Најдобар начин да ги изгубите масните наслаги е диета во комбинација со многу аеробни вежби. Стомачните вежби ги зајакнуваат и затегнуваат стомачните мускули, но не дејствуваат на масните наслаги кои се наоѓаат помеѓу тие мускули и кожата. Со нив можеме да се зајакнеме и да направиме т.н. “плочки “, но тие ќе дојдат до израз само откако ќе исчезне салото. Најдобриот план за губење на масното ткиво од областа на стомакот се заснова на : 70 % правилна исхрана , 28% кардио вежби и 2 % стомачни вежби.
Што се однесува до диетата, односно начинот на исграна, тука важат стандардните правила. Потребно е да се јаде помалку. Најдобар начин е постепено намалување на калориите од недела во недела, бидејќи наглото намалување на калориите може да биде шок за организмот и ќе предизвика вашето тело да почне да создава залихи . Нема да се задржиме премногу на диетите, бидејќи постојат стотици од нив. Доколку сакате здраво да се исхранувате, јадете овошје и зеленчук колку сакате, а остатокот од оброкот распоредете го во пропорциите : 40% јагленихидрати, 30 % протеини, 20 % масти ( здрави масти – семиња и лешници, бадеми, ореви) и 10 % шеќери (до 75 калории) . Јадете почесто и помали оброци ,5-6 пати дневно. На тој начин нема да го оптоварите организмот, а телото постојано ќе добива доволно количество на енергија, така што нема потреба да се создава залихи .
Ништо без вежбање
Многу важен аспект на слабеењето или губењето на масти е вежбањето. Без вежбање, телото нема причина да почне да ги “изгорува” мастите и ќе продолжи да го складира вишокот на масти за подоцнежна употреба. За подобро согорување на мастите во телото најефективни се аеробните вежби. Оваа група вежби ги вклучува сите активности кои користат големи мускулни групи – трчање, брзо одење , пливање , лизгање … Треба да се вежба најмалку 30 минути во континуитет.
Во зависност од вашето ниво на кондиција, можете да почнете да губите тежина и со само дваесет минути брзо одење или возење велосипед. Ова ќе биде доволно да го стартувате вашиот метаболизам и да ја поттикнете потрошувачката на калории кои ќе ги внесете во себе, како и веќе складираните масни клетки.
Овие едноставни совети ќе ви помогнат да го изгубите вишокот на килограми во несаканиот “појас за спасување”. За максимална ефикасност потребна ви е истрајност и доследност . Мора да се придржувате до режимот на здраваисхрана и редовно вежбање, единствено на овој начин ќе ја постигнете својата цел .