Кога сите би копнееле по краставици наместо по колачи, губењето на вишокот килограми ќе биде многу полесно. Секако, кога нема храна во изобилство, центарот за награди во мозокото ,,засветлува,, при самаа помисла за храна, посебно онаа висококалорична. Меѓутоа, истражувањата сугерираат дека ,,лошиот спој,, во ваквиот систем може да доведе до дебелеење, па дури и да биде виновник што не можеме да се ослободиме од оние несакани вишок килограми.

 

За да бидат нештата уште полоши, денешната прехранбена индустрија од сите страни не бомбардираат со храна примамлива за непцето, но сиромана со нутритиенти со коилесно може да се претера, што го тера нашиот мозок да бара ваков вид храна и покрај онаа храна која е далеку побогата со нутритиенти.

 

Но, што ако е можно да се репрограмира мозокот да копнее по здрави намирници? Најновата студија од универзитетите Харвард и Туфтс, објавено во списанието Nutrition & Diabetes повикува на размислување и сугерира дека ова е можно.

 

Кога мозокот ќе засветли

 

Во мала пилот-студија, возрасни со прекумерна телесна тежина биле случајно распределени во шестмесечна програма во која едните биле во контролна група за слабеење, а другите во контролна група која не примала никакви упатства за контрола на тежината. И двете групи поминале МР скенирање на мозокот на почеток и на завршување на студијата, за да видат како т.н. ,,центар за награди,, во мозокот реагирал откако разгледувале слики на најчесто консумирани намирници и нивни здрави алтернативи (на пример пржено пилешко во однос на пилешко на жар).

 

Активноста на мозокот во центарот за награди кај испитаниците кои учествувале во програмата за губење на тежината тргнала во ветувачката насока. Храната богата со калории станала помалку привлечна од почеток на студијата, додека храната со помал внос на калории сега станала попривлечна (поголема активност во центарот за награди).

Како делува планот на исхрана?

 

Планот за исхрана поттикнал промена на прехранбените навики, коишто ќе доведат до дневно намалување од 500 до 1000 калории, со цел губење до еден килограм дневно. Некои од користените методи вклучувале контрола на порциите, мени базирани на намирници кои го продолжуваат чувството на ситост и здрави рецепти.

 

Со цел да се намали чувството на глад, планот за исхрана бил богат со влакна, кои побавно се варат,, и богат со белковини, со што се оддржува воедначено ниво на шеќерот во крвта. Целата исхрана се базирала на 25% белковини, 255 масти и 50% јагленохидрати, со најмалку 40 грама влакна дневно. Секако, интервенциската група значително загубила од телесната тежина – околу 6 килограми, во споредна со контролната група која всушност добил околу 2 килограми.

 

Ако редовно посегнувате по здрави алтернативи, можете да заштедите повеќе од 550 калории дневно, што со тек на времето доведува до значително губење на тежината. Ако се точни информациите во оваа студија, тоа дури можете и да го засакате.

 

Меѓутоа, треба да се има на ум дека ова било мала пилот-студија со ограничен број учесници, поради што се уште е рано да се излекуваат заклучоци. Сепак, охрабрувачки е да се види дека се можни значајни промени во начинот на кој ја гледаме здравата храна, па дури и да го условиме организмот што почесто да ја избира.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина