Некои денови ни е тешко да станеме од кревет, а тоа станува речиси невозможно за време на студените и темни зимски денови. И, додека нема ништо поубаво од тоа да се разбудиме наутро со цвркот на птици и со убав сончев ден, постојат неколку начини кои можат да го олеснат станувањето наутро во зимските утра.

Одредете си навики на спиење

Лесно е да се обвинува зимата зошто потешко стануваме, но постои голема причина дека токму вие и вашите навики сте барем делумно виновни за тоа. Имањето лоши навики за спиење доведува до уште потешко будење наутро, а сето тоа е удвоено со немањето доволно светлина за време на зимските месеци. Затоа, вреди да се направи еден чекор наназад и да испитате што се правите пред да си легнете, а што веднаш откако ќе се разбудите.

Како прво, мора да дадете се од себе да се држите до редовниот распоред на спиење. Вашиот биолошки часовник е реален и тој зависи од редовните шеми на спиење. Исто така, одбегнувајте екрани барем еден час пред да си легнете. Многумина од нас имаат навика да си ги проверуваат мобилните телефони кога треба да си легнат. Синиот екран делува на меланинот во нашето тело, кој го регулира спиењето.

Вежбајте и добро хранете се

Нештата кои ги правите директно пред и по легнување влијаат врз квалитетот на вашето спиење, исто како и останатите работи кои ги правите во текот на денот. Затоа, малку вежбање пред легнување ќе направи полесно да заспиете и да се разбудите наутро освежени и полни со енергија. Исто така, редовното вежбање помага да се изборите со сезонската депресија.

Многу важно за спиењето е и здравото хранење. Истражувачите предлагаат да се одбегнува да се јаде пред легнување, но ако веќе морате да каснете нешто навечер, одберете нешто кое нема да ви го вознемири стомакот. И кофеинот треба да се одбегнува да се консумира навечер, бидејќи сите сме свесни како тој делува на будноста и енергијата. По будење имајте навика да пиете по една чаша вода. Тоа ќе ви го поттикне метаболизмот и ќе ве направи поподготвени за новиот ден.

Обезбедете светлина

Најголемиот проблем при будењето (посебно во зима) е што е се уште темно надвор кога вашиот аларм ќе се огласи. Соочувањето со светлината наутро е најважното нешто за да можете да му помогнете на телото да се разбуди и да престане да се лачи меланинот во него, а да може повторно да почне да се лачи кога ќе треба навечер да си легнете пак. Од тука е многу јасно зошто претставува проблем будењето наутро во темна просторија.

Ако не влегува светлина низ прозорците наутро, тогаш ќе треба самите да ја донесете. Наједноставно е да поставите алармен часовник со светлина. Овие светла можат да се подесат автоматски да се вклучуваат кога ќе се огласи алармот.

Правењето на овие мали животни промени дефинитивно ќе ви помогне да го подобрите сонот и да се чувствувате добро во текот на денот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина