Како да останете фит по педесеттата година?
Животните приоритети во дваесеттите и педесеттите години многу се разликува. По годините поминати во професионална и лична потрага, многумина телесната кондиција ја ставаат едноставно во втор план.
Педесеттиот роденден не треба да се сфати како оправдување за занемарување на своето тело. Се што треба е во својата рутина да внесете неколку нови навики за да останете здрави и активни. Ова се само некои од најважните совети за тоа како може да останете фит и по педесеттата година од животот:
Истегнување
Мускулите имаат тенденција да станат здрвени и крути со годините, што го отежнува извршувањето на едноставните секојдневни задачи. Со истегнување ќе ги опуштите крутите мускули и особено многу ќе ви го олеснат животот. Обидете се да се истегнувате во сите насоки, а посебно обратете внимание на мускулите на грбот. Немојте да се форсирате, вежбајте само до границите кои ги дозволува вашето тело. Луѓето кои имаат проблеми со грбот треба да се консултираат со доктор пред да се обидат да прават каков и да било нови облици на вежбање.
Рамнотежа
Рамнотежата станува многу важна како што старееме. Острите рефлекси и брзите одговори можат да ги намалат шансите за повреди и несреќи. Поради тоа добра е идејата да се испробаат вежби за подобрување на држењето на телото и рамнотежата. Една од најбрзите и наједноставни вежби е стоењето на една нога. Прво неколку минути на една, а потоа на друга нога.
Одржувајте го мозокот активен
Нашиот мозок станува се помрзелив по триесеттата година од животот. Овој процес може да се забави уште повеќе со ставањето на нови предизвици пред вашите сиви клетки. Не морате напорно да учите за тоа, решавајте крстозборки или запишете се на курс по странски јазик.
Прехранбени промени
Додека здравата исхрана се препорачува во секоја доба, таа станува поважна како што старееме. Како шро метаболизмот станува се побавен, системот за варење не може да ги толерира нападите на алкохол и пржена храна како што тоа го правел кога сте имале дваесет години.
Затоа во педесеттите години се препорачува минимално пет порции овошје и зеленчук дневно, а се намалува консумирањето на црвено месо и преработена храна.
Траење на тренингот
На телото му се потребни најмалку 20 минути за да започне да ги чувствува ефектите од тренингот. Целта нека ви биде да вежбате барем половина час по 45 минути. Сепак, немој да се форсирате. За почеток, почнете полека.
Аеробик
Аеробикот е релативно лесен, воглавно се вежба во групи и е многу забавен. Меѓутоа, само поради тоа што е претерано напорен не значи дека треба туку-така да се сфаќа. Се препорачува аеробикот да се вежба барем три пати неделно, доколку тоа ви го дозволи вашиот доктор.
Тренинг на сила
Човечкото тело има тенденција со тек на време да ја губи мускулната маса. Единствен начин да се забави овој процес е со тренинг на сила. Секако, тоа не значи дека треба да се креваат тежини како професионалните боди билдери, но пожелно е овде-онде да се прават тренинзи со оптоварување, со надзор од тренер.
Умереност
Со навршување на педесеттата година од животот не мора да се откажете од добрите нешта во животот. Повременото пиење на една чаша вино или парче чоколадна торта нема да ве повреди се додека тоа го правите умерено.