Ако мислите дека ова е феноменално и дека можете да јадете сладолед колку сакате, тогаш грешите. Оваа диета не е таква, туку ви дозволува да јадете само одредени количини сладолед дневно, а не преку цел ден. Сладолед диетата е диета од околу 1.250 калории. Ви овозможува константно да губите од тежината, но морате да обратите внимание на големината на порциите. Жените кои се на оваа диета можат да изедат една мала порција дневно, а на мажите им е дозволена една ипол порција. Исто така се препорачува да јадете сладолед со ниска масленост, кој има 125 или помалку калории, по оброк, односно по едно чинивче. Затоа е неопходно да почнете да ги читате етикетите, и сигурно ќе бидете изненадени од тоа како варираат калориите во различни видови сладолед. Секако, домашниот сладолед е подобро решение.

Пример за мени бр. 1

Појадок: една шолја пченкарни снегулки со една лажица шеќер, една шолја боровинки и една шолја млеко со ниска масленост.

Ручек: сендвич со две парчиња интегрален леб, парче зелена салата и 75 гр. туна. По желба додадете парчиња домат и мелен босилек.

Ужина: шолја немасно млеко и едно овошје.

Вечера: едно парче пица со сирење и мешана салата.

Десерт: една порција сладолед.

Пример за мени бр. 2

Појадок: 75 гр. младо сирење, 2 тоста од интегрален леб, 1 портокал, шолја чај.

Ручек: печени пилешки гради на скара (150 гр.), парче интегрален леб, голема салата од сезонско овошје.

Ужина: шејк од 2,5 дл. домашен кефир (или јогурт) и пола шолја малини или капини или боровинки (по желба).

Вечера: 200 гр. шампињони печени на тава, 25 гр. шунка, шолја мешан зеленчук варен на пареа (карфиол, морков, млада боранија, грашок…) и 1 домат како салата.

Десерт: една порција сладолед.

Дополнителни напомени

Значи, ќе можете да јадете сладолед секој ден, а добро избалансираното мени ќе ви помогне да ги држите под контрола калориите што ќе ги внесете. Вториот дел од сладолед диетата вклучува физичка активност (барем 30 минути брзо одење секој ден), иако ова се препорачува без разлика на тоа која диетата и да ја користите.

Кога сте на сладолед диетата, ви советуваме да јадете различни хранливи намирници богати со влакна, овошје, зеленчук и, секако, дневна порција сладолед. Можете да јадете разни видови сладолед, иако е најдобро да се држите до проверено здравите, домашни сладоледи, кај кои можете да ги следите количините калории додека ги правите.

Дали е ефикасна сладолед диетата?

Сладолед диетата ја имаат испробано многу луѓе и сите тие тврдат дека таа навистина делува. Се уште не е утврдено колку точно килограми се губат, бидејќи се работи за релативно нова диета, но некој просек е околу 2 килограми неделно што, со навистина богато мени, навистина не е ни малку лошо.

Ако се одлучите да ја испробате оваа диета, морате прво да проверите дали ви одговара. Сладолед диетата апсолутно ќе биде ефикасна ако ја разберете и ги следите упатствата кои ви се дадени. Инаку, оваа диета во суштина е многу разумен пристап кон слабеење, а тоа е вежбањето и броењето калории.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина