Многу луѓе често често се жалат дека диетите или вежбите кои ги одбрале не покажуваат резултати. Единствениот сигурен начин за  намалување  на телесната тежина   е континуираното вежбање. Доколку не сте доволно упорни и не го задржувате континуитетот, се разбира дека и резултатите ќе изостанат. Дури и најдобрите програми за вежбање нема да бидат успешни доколку го прекинете започнатиот ритуал на вежбање. Жените често имаат предрасуди дека со вежбањето ќе ја зголемат својата мускулна маса. Но, не грижете се, тоа и не е толку лесно.

vezbanje naslovna

 

Мали и редовни оброци

Рамномерно распоредените оброци во текот на денот се многу важни за нормалното функционирање на вашиот организам. Големата пауза помеѓу оброците негативно може да влијае на нивото на шеќер во крвта. Ако јадете мали, но почести оброци, ќе го избегнете проблемот со ниско ниво на шеќер во крвта, а со самото тоа и уморот. Малите и редовни оброци полесно се варат и овозможуваат одржување на исто ниво енергија во текот на денот. Со оглед на тоа дека внесот на 2000 калории е препорачаната дневна доза, најдобро е секој ваш оброк да биде од 200 до 300 калории. На тој начин, Вашиот организам постојано ќе биде снабден со енергија, но никогаш нема да биде преоптоварен. Со ваков начин на исхрана вашиот организам ќе биде здрав, а во исто време ќе можете постепено да ги изгубите и несаканите килограми.

Континуирано вежбање
Често, поради недостатокот на време во текот на работната недела, ние вежбаме само во деновите на викендот, што е многу опасно. Со вакво неконтинуирано вежбање,  многу се веројатни  мускулните повреди, бидејќи агресивни активности после одредена пауза се многу стресни за мускулите. На овој начин ќе го зголемите согорувањето на калории. Потребно е да се поттикнат одредени хормонални реакции во организмот, кои помагаат во губењето на тежината. Затоа е важно да го задржите континуитетот во вежбањето. Неколку минути наутро и навечер секој ден можете да си го обезбедиме за оваа активност, за да стигнеме до целта.

Релаксација по вежбањето

По вежбањето, многу е важно е да си дозволите одмор, особено за уморните мускули. Секојдневното истегнување, квалитетот на спиењето, и доколку е потребно, па и топлата бања или масажата, ќе направат чуда за ублажувањето на болката во мускулите по вежбањето.

Конзистентност – клучот за успехот

Запомнете, конзистентноста е клучна за успех. Фокусирајте се на менување на вашиот животен стил. Не мислете на диетата како на привремен режим со кој сакате да ја постигнете саканата тежина. Значи, што да направите кога ќе го постигнете очекуваното? Не смеете да се вратите на стариот начин на живот кој вклучува неправилна исхрана и недостаток на вежбање. За здраво и витко тело потребни се упорност и континуитет. Променете ги вашите навики и останете доследни на своите одлуки. Поставете си цел – можете да започнете со десетминутно вежбање секој ден. Следната недела, направете две серии по десет минути дневно. Кога ќе почувствувате дека вашето тело е подготвено, зголемете ја вашата серија за една минута или две повеќе. На редовните серии, постепено почнете да додавате и некоја дополнителна вежба, се додека не постигнете успех во обликувањето на телото и губењето на несаканите килограми. Секој ден, одвојте малку време и стекнете навика на вежбање.

Што ако потклекнете ?

Кога ќе почнете да барате изговори за да го прескокнете вежбањето или повремено да се прејадете , разговарајте со некој пријател или член на семејството чие мислење го цените. Со вклучување на други лица во вашиот пат до целта, полесно ќе ги одржите здравите навики. Секој пат кога ќе се поколебате, некоја важа драга особа нека ве потсети  зошто сте се одлучиле за промена на стилот на живот.