Знаејќи ја разликата – а потоа развивајќи и самосвесност за неа, може да ви помогне многу да направите подобри избори кога се работи за вашата диета. Гладот е оној кој ве одржува живи и кој ви алармира дека ви е потребна повеќе храна. Апетитот, пак, е желба за одредена храна за задоволство, чин на јадење поради уживање и/или продолжено јадење кога сте сити.

Глад наспроти Апетит

Нашето тело поседува прекрасен часовник скриен во себе, кој ни кажува одвреме – навреме дека сме гладни и дека треба да јадеме нешто. Никој не ни кажува, а ние не ни погледнуваме на часовникот, туку едноставно знаеме дека е време за ужина, за ручек или за вечера. Сепак, дали јадеме затоа што сме гладни или јадеме поради нашиот апетит? Многумина ќе се почувствуваат збунети, бидејќи мислат дека гладот и апетитот се едно исто. Всушност, има луѓе кои ги користат термините глад и апетит како тие да се менливи, но постојат очигледни разлики помеѓу гладот и апетитот, кои ќе се разјаснат по читањево на овој текст.

Глад

Кога сме гладни, бараме храна. Храната е како гориво за нашите тела. Тие ни даваат знаци да земеме нешто од надвор за да ги одржиме нивоата на гориво. Храната ни дава енергија, која ни е потребна за секојдневните активности. Гладот е тој кој ги одржува нивоата на енергија да не паднат во организмот, со тоа што не тера да јадеме. Нив ги нарекуваме напади на глад, физичко чувство кое не тера да тргнеме во потрага по храна. Постои цела мрежа од хемикалии, како што се невротрансмитери и хормони, кои функционираат како гласници кои ни јавуваат кога сме гладни, и дека треба да јадеме нешто. Токму овие гласници се оние кои ни јавуваат и кога треба да престанеме со јадењето.

Апетит

Аптитот е термин кој се однесува на нашата психолошка желба за храна. Апетитот е најважното нешто за сите живи суштества со цел да преживејат, бидејќи токму поради нашиот апетит ја јадеме храната и му ја даваме на организмот потребната енергија за одржување. И апетитот исто така не тера да јадеме. Тој е резултат од координацијата помеѓу мозокот и стомакот, а не само потреба за храна. Апетитот е повеќе психолошка реакција на храната, иако завршува на крајот со јадење храна исто како и во случајот со глатта. Понекогаш кон храната сме привлечени поради нејзината убава миризба или вкусниот изглед. Погледнуваме на часовникот и одлучуваме дека е време за јадење, без разлика на тоа дали сме гладни или не. Ова ни го прави апетитот. Апетитот е тој кој ги тера луѓето да се прејадуваат, затоа што не можат да се контролираат поради одличната миризба или изгледот на храната. На одреден начин, нашиот одговор на погледот на храна е она што не тера да јадеме. Фотографиите од храна која изгледа раскошно понекогаш прави да ни се наполни устата со вода, па подготвени сме да каснеме по некој залак.

Која е разликата помеѓу гладот и апетитот?

Додека гладот е психолошка потреба за храна, апетитот е желба за храна.

Вашиот глад се задоволува кога ќе каснете малку тестенини. Сепак, вашиот апетит ви кажува дека ова е вкусно и мириса одлично и ве тера да си наполните уште една чинија.

Познавајќи ја разликата помеѓу овие две нешта, а правејќи избор во храната темелено на гладот наместо на апетитот, може многу да ви помогне да го намалите вишокот на килограми.

Тагови: апетитглад
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина