Бодибилдерите вложуваат големи напори за да ги внесат сите калории и протеини потребни за максимизирање на придобивките од дигањето на тежини. Но тие можеби го забораваат клучниот аспект на консумирањето: Вие не ги добивате придобивките од хранливите состојки од храната која ќе ја проголтате ,туку од храната која ќе се апсорбира во вашиот систем. Хранливите материи кои поминуваат низ вашиот систем без да бидат апсорбирани буквално одат во отпад.

Во продолжение се неколку суплементи што треба да ги земете предвид, кои ќе ја зголемат апсорпцијата и ефикасноста на вашиот програм за исхрана.

Пробиотици

Под пробиотици се означуваат многу различни видови корисни бактерии кои се добри за вашиот дигестивен тракт, го помагаат варењето и на тој начин помагаат подобро да се апсорбира храната која ја консумирате. И, додека вие можеби имате неколку милијарди од овие мали бактерии во вашиот систем, земањето на суплемент со неколку милијарди бактерии повеќе, може да ви помогне подобро да ја обработите високо -протеинската исхрана.

Една неодамнешна студија покажа дека земањето на 1 милијарда колонија од овие бактериски единици ( CFUs ) на Bacillus coagulans им помагаат на луѓето да апсорбираат повеќе аминокиселини од протеинските оброци. Можете да ги зајакнете придобивките од вашата протеинска исхрана со земање на една доза дневно на пробиотички производ кој содржи најмалку 1 милијарда CFUs со целокупниот оброк.

Дигестивни ензими

Ензимите се и самите протеини кои вообичаено постојат во нашето тело. Но, можете да димате дури и поголеми придобивки од вашиот диететски план со земање на дополнителни дигестивни ензими кои го помагаат сварувањето на хранливите состојки кои прават проблеми при варењето . Всушност, многу компании кои произведуваат суплементи веќе го знаат ова, и додаваат дигестивни ензими во нивните производи. Ако во вашиот протеински суплемент не се содржат дигестивни ензими, размислете за нивно додавање во вашиот режим на исхрана.

Одберете производ со дигестивни ензими кој содржи ензими за разградување на протеини (протеазни ензими, вклучувајќи трипсин , пепсин, бромелаин , папаин ); јагленохидрати ( амилаза, лактаза ) и масти ( липаза), со посебен акцент на ензимите кои помагаат за храната со која имате најмногу проблеми при варењето .

Пребиотици

Во најголем дел , ова е само научно име за растителните влакна, кои сите бодибилдери треба да знаат дека треба да ги консумираат во соодветни дози секој ден ( најмалку 30 грама од целозрнестата храна и суплементите). Ќе ви бидат потребни и двата вида- и растворливи и нерастворливи влакна, за да му помогнете на вашиот систем да ја свари храната адекватно – ни премногу бавно, ни премногу брзо.

Суплементите кои содржат растителни влакна помагаат со варењето на храната, како и производите кои имаат додадени состојки како што е инулинот, кој го зголемува развојот на корисните бактерии – пробиотици. Со други зборови, пребиотиците ( влакната) водат до поголеми количини на пробиотици.

Ова се само некои од најважните начини на кои можете да го помогнете варењето . Исто така, размислете за додавање на ѓумбир во исхраната, за смирување на вашиот стомак , глутамин за поефикасно и попријатно варење, и цинк карносин, состојка што му помага на вашето тело за брзо обновување на слузокожата на цревата, која се оштетува со консумацијата на секој оброк.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.