Доколку од неодамна сте биле на посебен режим на исхрана и сте успеале да ослабнете 5 – 10 килограми, а притоа не сте правеле телесни вежби, во тој случај веројатно кожата ви е опуштена и потребно ви е затегање. Ви ги претставуваме десетте ефикасни начини на кои можете да ја затегнете кожата по слабеењето.

1. Аеробик

Аеробик вежбите ќе ви помогнат да го намалите вишокот килограми од целото тело, вклучувајќи го и стомакот. Мора да се потрудите да правите вежби кои согоруваат калории, а не само класични стомачни вежби. Мора да вклучите и вежби за издржливост. Студиите покажуваат дека комбинирањето на аеробик вежбите и тренингот на издржливост е поефикасно во елиминирањето на наслагите од стомакот, отколку самите вежби.

2. Хидратација на кожата

Здрава кожа е хидратизирана кожа. Колку е доволно да се испие вода зависи од многу фактори. Секако, за време на летото потребите се зголемуваат. Некои напитоци се лажни пријатели на хидратацијата на организмот. Големата количина кафе и алкохол доведуваат до губење на водата од организмот. Правилното хидратизирање не се сведува само на тоа да пиеме вода кога сме жедни.

3. Практикување јога

Јогата ќе ви помогне да се ослободите од стресот, да бидете пофлексибилни, да загубите од тежината, па дури помага и во закрепнување на кожата по слабеењето. Клучен фактор е да се тргне полека. Во рок од неколку недели, ќе бидете изненадени колку кожата ви станала пофлексибилна.

4. Сирова исхрана

Вашата исхрана мора да вклучува голем број сирови намирници. Знаеме дека со готвењето се губи голем дел од хранливите материи од неа или дека остануваат во минимални количини. Многу повеќе витамини се внесуваат со консумирање на свежи намирници, посебно на свежо овошје и зеленчук. Кога ќе ги додадете во својата секојдневна исхрана, ќе видите како кожата брзо ќе ви се затегне.

5. Гимнастика

Гимнастиката е одлична за градење на цврста мускулна маса и за затегнување на мускулите. Вежбајте гимнастика два до три пати неделно и резултатите ќе бидат видливи многу брзо. Притоа можете да комбинирате склекови, стомачни и чучнувања.

6. Немасни протеини

Со додавањето на немасни протеини во секојдневната исхрана, ќе и помогнете на кожата да се затегне. Овие протеини помагаат во градењето на цврста мускулна маса, бидејќи содржат колаген и други хранливи материи. Некои од намирниците кои ги содржат овие протеини се: јаткастите плодови и семиња (ореви, бадеми, индиски орев), мешунки, месо, риба и соја.

7. Одбегнувајте ,,брза храна,,

Брзата хранае лоша од две причини. Прво, ви ја расипува диетата, а второ, вашиот организам и кожата немаат никаква значајна полза од ваквата исхрана. Напротив. Оваа храна е најголемиот непријател на организмот и морате да ја одбегнувате.

8. Овошје и зеленчук

Стручњаците препорачуваат секојдневно да се јадат по пет зеленчуци и овошја, кои ќе ни ги дадат потребните хранливи материи. Освен тоа, пет вакви оброци ќе ви помогнат да ја затегнете кожата. Високата количина вода кои тие ја содржат во себе ќе и помогнат на кожата да закрепне и брзо да се врати во првобитната положба.

9. Рицинусово масло

Рицинусовото масло е уште еден природен начин за да ја затегнете кожата. Ако комбинирате малку рицинусово масло со сок од еден лимон и го нанесете на кожата, ќе видите како таа се затегнува. Доволно е само да ставате по неколку лажици секоја вечер и ќе ја забележите разликата многу брзо.

10. Етерична масла

Етеричните масла се мирисни екстракти добиени со дестилација на миризливи цвеќиња. Тиеа можат навистина да помогнат при затегнување на кожата, само ако го користите вистинското. Едно од најефикасните етерични масла е маслото од лаванда. Само неколку лажички од него секоја вечер може да направи чуда.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина