Понекогаш луѓето подолг временски период не можат да одат во теретана и да вежбаат (имаат испитна сесија, одат на службено патување или на подолг одмор, или се болни и слично). Прескокнувањето на вежбањето на една или две недели всушност ќе биде корисно за мускулите и за централниот нервен систем – ќе имаат време да закрепнат целосно. Доколку нe сте во можност да вежбате месец или два, ситуацијата изгледа помалку од ветувачка. Мускулите кои хипертфорирале за време на редовното вежбање, ќе се намалат како резултат од нестимулација. На телото повеќе нема да му треба ,,услугата,, од големи мускули. И колку сте поголеми, толку се поголеми шансите дека ќе загубите повеќе од својата скапоцена мускулна маса. Дополнително, колку е потешко да се добијат мускули, толку полесно (и побрзо) е тие да се намалат под влијание на факторите кои придонесуваат за тоа (посебно продолжениот недостиг на тренинг на сила). Па, тогаш како можеме да ги задржиме тешко добиените мускули?

Единствениот начин за да се реши овој проблем (или делумно да се реши) може да биде земањето на витамин Е. Американските научници при едно истражување откриле дека витаминот Е помага да се зајакнат мускулните клеточни мембрани и превенира во клетките да навлезат супстанции кои ќе доведат до атрофија на клетките на мускулите. Откриено било, исто така, дека витаминот Е ги поддржува фосфолипидите, кои се едни од главните компоненти на самите мембрани.

Витаминот Е не е потребен само при отсуство на тренирање, туку и за време на интензивно тренирање. Така, недостигот на витаминот Е ја намалува количината на миозин, гликоген, калиум, магнезиум, фосфор и креатин во мускулите. Во такви околности, спортистот се соочува со хипотонија (состојба на мал мускулен тонус – отпор за истегнување во мускулот, честопати вклучувајќи намалена мускулна сила) и слабост во мускулите.

Со цел да се спречи губењето на мускулите при отсуство на тренинг, треба дневно да се земаат по 50 – 100 милиграми витамин Е. Оваа препорака е релевантна не само во случаи на продолжено отсуство на тренирање, туку исто така и во случаи на испланиран и периоди на одмор.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина