Сите кои имаат поминато неколку години во теретана, сигурно имаат барано да пронајдат најдобра програма за кревање тежини. Најверојатно веќе познати им се разните програми за кревање тежини, како што е ”Германскиот тренинг за обем“, “Високо интензивниот тренинг“, “Високо обемниот тренинги др.

Најверојатно и вие ги имате испробано и сте биле сигурни дека секоја една од нив е добра програма, но не и подобра од другите. Ова е поради тоа што некои од основните принципи на тренинг се во целост неповрзани со други системи за тренирање. Колку ќе добиете од било која програма за кревање тежини е поврзано со тоа колку сте подговени да вложите напор во сето тоа. Прашањето кое си го поставувате притоа е следново – како воопшто треба да тренирам?

Тренинг за почетници

Секој почетник треба да вежба на ист начин. Притоа рутината на тренирање не е толку важна колку процесот на учење на самото изведување на вежбите и други основни нешта, како што се дишењето, опсегот на движења и др. Секој почетник ќе напредува дури и во случај теговите што ги користи да се помали од оптималната тежина. Ова обично значи период од околу три – шест месеци тренирање. За ова време почетникот треба да биде способен да научи како да ги изведува вежбите во добра форма и движења, за тој/таа да може сега да започне да вежба со потешки тегови.

Првиот основен принцип на тренингот се сведува на учење на соодветната форма на изведување на вежбата.

Сива зона на тренингот

Со започнување користење на потешки тегови, покрај прашањето ,,што да се прави,, со овие тегови, се појавуваат и прашања како колку серии да се прават, колку повторувања и др. Ова е период кога почетниците ќе почнат да талкаат во потрага по тааодличнатренинг рутина и ќе губат само време, постигнувајќи осредни резултати.

Вториот основен принцип на тренингот е – Не постои одлична програма за кревање тежина. Секој тренинг дава подеднакво добри резултати.

,,Одличниот,, тренинг

Оваа потрага по перфекција може да биде спречена со малку разумно размислување. Подобрувањето на мускулната маса бара подобрување на силата, а најдобрите вежби за сила се:

мртво подигање, потисок на клупа, чучнувања, воен потисок. Ова се четирите вежби кои ги покриваат сите мускули во телото и нив ги нарекуваме основни движења. Постојат повеќе вакви вежби, кои можете да ги користите во вашата рутина, но овие четири се основните.

Третиот основен принцип на тренингот е – Користете ги “основните” движења мртво подигање, потисок на клупа, чучнувања, воен потисок) како основни вежби за подобрување на силата и мускулната маса.

Пумпање”

Штом еднаш ќе завршите со основните вежби, доаѓа време за “пумпање” на мускулите. За мускулна хипертрофија, добра идеја е да се вклучат движења кои ќе делуваат повеќе на одредени одделни мускули, во форма на вежби со повеќе повторувања. Притоа настапува чувството на затегнување или “пумпање,,.

Токму чувството на затегнување треба да ви каже колку серии и повторувања треба да направите. Кога мускулот нема да може да пумпа повеќе – тренингот завршува. Ова не води до следниот основен принцип на тренингот:

Четвртиот основен принцип на тренингот е – инстинктивен тренинг. Ова е нешто кое секој вежбач треба да го развие низ вежбањето. Телото ни испраќа сигнали, а ние треба да научиме како да ги читаме. Сигналот за ,,пумпање,, (покрај заморот) ни кажува уште колку долго можеме да вежбаме.

Специјализиран тренинг

Не постои нешто како соодветна за сите тренинг рутина. Секоја тренинг рутина мора да биде специјализирана за секој поединец, бидејќи исте ние сме различни во поглед на тоа како ги поднесуваме интензитетот, тежината и волуменот. За да се добие најдоброто од секоја програма за кревање тежини, морате систематично да работите на:

учење на основите,
зголемување на вашата сила
развивање на врската помеѓу мускулите и умот, која ви кажува колку треба да дадете повеќе од себе за постигнувањ на крајните резултати.

Петтиот основен принцип на тренингот – Сите ние сме исти, а сепак сме различни. Токму затоа рутината која ја применуваме мора да биде креирана само за нас, бидејќи нема да одговара за други.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина