Често ги заборавате важните датуми? Оваа заборавеност нема врска со годините или полот и не е предодредена од големината на мозокот или помнењето. На ова најмногу влијае начинот на живот, бидејќи со тек на време се опуштаме и ,,забораваме,, да го користиме мозокот.

 

Сите ние сме родени со одредена количина неврони, а со стареењето бројот на нервните клетки се намалува. Меѓутоа, новите истражувања покажуваат дека допаминот (невротрансмитер во мозокот) може да постигне формирање на нови неврони во мозокот на возрасен човек. Значи, домапинот е поврзан со мозокот, што значи дека се уште има надеж да ги подобриме неговите функции.

 

Вежбајте го мозокот

 

Решавајте загатки и крстозборки и предизвикувајте го мозокот за да оддржувате неговата острина. Исто така обидете се да ги извршувате секојдневните работи со недоминантна рака, како што е миењето заби или чешлањето на косата.

 

Тренирајте

 

Фиизчката активност е многу важна за здравјето на мозокот, но ако влезете во рутина, мозокот станува ,,мрзелив,,. Менувајте ја рутината на вежбање за да го зголемите здравјето на телото и мозокот.

 

Јадете храна за мозокот

 

За здравјето на мозокот треба да се консумира органска и непреработена храна, полна со омега-3 масни киселини. Тука најчесто спаѓаат рибата, јаткастите плодови и семките.

 

Испробајте нови нешта

 

Научете нов казик, свирете некој инструмент или научете песна наизуст.

 

Волонтирајте

 

Истражувањата покажуваат дека тоа може да го намали нивото на стрес и да го подобри менталното здравје. Волонтирањето придонесува за целокупното здравје и за чувството на самопочит.

 

Дружете се

 

Дружењето и комуникацијата со другите луѓе ни е потребна за стимулирање на мозокот. Дружењето со луѓето ги бистри мислите, го забавува стареењето и ги развива когнитивните способности.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина