Секој петнаесетти пациент кој ќе се јави на доктор доаѓа поради вртоглавица или некакво нарушување на рамнотежата. Колку е тоа непријатно знаат само оние кои имале несреќа да им се заврти целиот свет. Вртоглавиците се многу почести отколку што тоа обично се мисли. Зачестеноста расте со зголемување на староста на пациентот, иако таа се јавува во сите животни доба. Интересен е и податокот што кај пациентите постари од 75 години се јавува кај секого. Не мора тоа да е вистинска вртоглавица, но ако пациентите се жалат на занесување при одот, нестабилност, нишање, тонење, чувство на пропаѓање, тогаш тоа е вртоглавица.

Причина за вртоглавицата може да биде циркулацијата, бидејќи таа е симптом на бројни болести. Но, ако се работи за вистинска, ротациона вртоглавица, која пациентите ја опишуваат како да се врти центрифуга, најчесто се работи за нарушување на нивото на внатрешното уво. Постои дијагноза која накусо се вика БППВ (Benign Paroxysmal Positional Vertigo) која може да се објасни како безопасна и минлива вртоглавица. Причината за оваа вртоглавица е дегенеративното откинување на малите кристали во внатрешното уво. Тие кристали, кои стручно се нарекуваат отокони, сите ги имаме, а нивното отпаѓање од анатомското лежиште може да доведат до трауми, мигрени, стареење и остеопороза. Кога пациентот сака да стане наутро од кревет, кристалите вршат притисок на одредени анатомски структури во внатрешното уво и на пациентот му се врти цел свет. Таа вртоглавица кусо трае – петнаесет секунди до половина минути.

Во оддржувањето на рамнотежата не учествува само сетилото во внатрешното увоа , туку и сетилото за вид и чувството за тло под нозете. Овие три сетила ги испраќаат информациите до мозокот. Ако некое од овие три сетила му пратат на мозокот погрешна информација, во него доаѓа до конфликт, кој ние го опишуваме како вртоглавица.

Но, не сите вртоглавици се безопасни. Постојат централни причини за вртоглавица, кога е потребно пациентот ургентно да се лекува, како акутен мозочен удар и помалку ургентни, невролошки заболувања. Пациентите со мигрена исто така имаат вртоглавици, пациентите кои боледуваат од мултиплекс склероза и разни други невролошки болести. Кога вртоглавиците се јавуваат при станување од кревет и ќе започне вистинска ротаторна вртоглавица, треба да се почека неколку секудни за таа да помине. Не постои место за паника ако пациентот нема и невролоши симптоми двојни слики, нарушување на говорот и видот, трнење на половина од телото и неможност за голтање. Ако пациентот нема главоболки и ниту еден невролошки симптом, може сам да ги одбегне провокативните фактори, кои предизвикуваат вртоглавица. Се советува спиење на повисока перница. Никако не се препорачува лежење, туку повеќе прошетки и седење. Кога пациентот шета, не треба да се зафрла главата наназад, бидејќи ваквите положби дополнително иритираат.

Понекогаш и вирус може да биде причинител за акутно вертиго, кое е проследено со бурни симптоми. Пациентите многу често ги носат затоа што не можат самостојно да одат, имаат мачнина и повраќаат и ја држат главата вкочането, бидејќи секое движење на главата им ја влошува вртоглавицата. Ова нарушување минува за една до две недели. Битно е дека сетилото за слух не е зафатено и нема невролошки симптоми. Тоа овозможува да знаеме дека се работи за оние поопасни, централни вртоглавици.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина