Во овој текст нема да пронајдете магични формули, а ни упатство за тоа што се можете да додадете во вашиот градник. Се работи за проверени вежби кои освен поатрактивен изглед ќе ви обезбедат и подобро држење на телото и целокупно здравје на организмот.

Доколку страдате затоа што природата не ве обдарила со големи гради, пред да размислувате за хируршка интервенција или препарати за зголемување на обемот, кои можат да ви нанесат многу повеќе штета отколку корист, потрудете се да направите се што спаѓа во здрави и безбедни процедури. Градите можете да ги зголемите и преку вежбање, само пред тоа треба да се запознаете со важните поими и начини за тоа да го сторите.

Не треба да се мешаат поимите – мускули на градите и поимот – млечни жлезди. Во млечните жлезди не постојат мускули кои можат да се зголемат, тие имаат сосема поинаква структура. Зголемувањето на млечните жлезди можете да го постигнете само по хируршки пат, бидејќи тие се така дефинирани природно.

Зголемувањето и затегнувањето на мускулите на градите е сосема реално. Физичките вежби ќе ги подигнат, ќе го зголемат обемот на градите, како целина, ќе им дадат тонус и импресивен изглед.

Независно од големината на млечните жлезди, овие вежби ќе направат вашите гради да изгледаат уште поатрактивно.

 

Вежба број 1

vezba-gradi1

За една од најефикасните вежби за зголемување на обемот на градите се сметаат склековите. Дланките треба да бидат поставени малку пошироко од ширината на рамената, стапалата треба да бидат составени или благо раздвоени. Направете 3 серии од по 15-20 повторувања. Во прво време, додека мускулите не зајакнат, правете ја оваа вежба на колена, со умерено темпо.

 

Вежба број 2

vezba-gradi2

Втората ефикасна вежба за зголемување на градите во домашни услови е вежбата склекови  на ѕид. Се изведува лесно и едноставно. Ставете ги рацете на ѕидот и правете склекови. Се прават три серии од по 10 повторувања. Вежбите се прават полека, па дури и многу бавно.

 

Вежба број 3

vezba_gradi3

Најефикасната вежба за зголемување на градите е следната: легнете на подот или на топката (доколку сакате да ги подигнете градите)и подигнувајте тегови. Направете 3 серии од по 8-10 повторувања. Вежбата се прави со умерено темпо.

 

Вежба број 4

vezba-gradi4

 

И за крај уште една ефикасна вежбање со тегови, со која се добива јасна контура на градите. Се прави на ист начин како и претходната вежба и тоа 3 серии од по 15-20 повторувања. Се прави со умерена темпо, теговите не треба да бидат премногу тешки.

 

Пред да започнете да ги правите вежбите, загрејте се  и истегнете се. Овие вежби треба да ги правите 2-3 пати неделно, затоа што тоа е идеално за градите. Никогаш не ги практикувајте два дена по ред, бидејќи на мускулите им е потребно време за опоравување.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.