Постојат вродени и стекнати имунолошки системи. Вродените веќе имаат ,,предзнаење,, за многу болести, и тие го претставуваат ,,првиот ред,, за одбрана од инфекциите, додека стекнатите се поискусни и се развиени во допир со предизвикувачите на болестите. Потоа, покрај овие, разликуваме природни и вештачки имунитети. На пример, вакцинацијата спаѓа во вештачки стекнат вид на имунолошки систем. За тој да се развие во целост му требаат денови, недели, па дури и месеци, додека целосно не се избори со туѓото тело. Двата вида имунолошки системи работат заедно поради подобра и поефикасна заштита на организмот.

Во денешно време, имунолошкиот систем е предизвикан повеќе од било кога. Модерниот (нездрав) начин на живот е секојдневие кај поголем дел од популацијата. Тука е присутен и стресот, како постојана појава. Сето тоа влијае врз намалувањето на отпорноста на организмот кај луѓето, па стануваме се поранливи и послаби. Се повеќе има вируси кои владејат на глобално ниво, бројот на алергиите се зголемува, чувствителноста на луѓето е се поизразена, а кај повеќето од нас се јавува хроничен замор. Главни ,,загадувачи,, на нашите тела, кои директно влијаат на ослабнување на одбранбените способности на организмот се алкохолот, сите видови дроги, цигарите, аромите, вештачките засладувачи, вештачките адитиви во намирниците, газираните пијалоци, прсканите овошја и зеленчуци, хроничниот стрес, депресијата, физичката неактивност, загадената животна средина и недоволното спиење. Со цел да го подигнете нивото на својот имунолошки систем и да го зајакнете, прво и основно е да имате избалансирана и правилна исхрана и редовна физичка активност. Обратете внимание на намалувањето на едноличната и силна храна (транс мастите и/или шеќерите), бидејќи токму тие се главниот причинител за поголемиот број хронични заболувања и заболувања на крвните садови и срцето. Внимавајте храната да биде разновидна и од поприродно потекло. Доволни се по три оброци дневно, распределни рамномерно со многу зеленчук и овошје поради нивниот богат состав на антиоксиданси, кои делуваат против токсичните материи во нашето тело т.е. слободните радикали, но и поради високата содржина на влакна. Потребно е да се внесуваат и пробиотици (млечни производи), но тие да бидат ограничени на дневните количини поради млечната маст и лактозата. Најдобри се ферментираните производи, кои содржат изобилство на добри бактерии во себе.

Еве кои се намирници ќе ви помогнат да го зајакнете до максимум вашиот имунолошки систем.

Сите видови риби – поради богатството на рибино масло и омега-3 масните киселини, треба да јадете риба неколку пати неделно.

Ладно цедено масло, масло од коноп и кокосова маст првите користете ги за салати, додека за пржење одлична е кокосовата маст, бидејќи со користењето на масла од друго потекло се создаваат транс мастите, најголемие непријатели на нашето срце. Сите овие масла се богати со масти и омега -3 масни киселини, кои им се неопходни на нашите клетки.

Зелен и бел чај многу се богати со флавоноиди, па затоа се од есенцијално значење во почетниот процес на ослободување на токсините и слободните радикали.

Црна чоколадапотребно е да користите само црна чоколада која содржи 70% чисто какао во себе. И таа е многу силен антиоксиданс.

Пчелни производи – веројатно овие се најстарите човекови сојузници во борбата против многу болести. Секако морате да ги вклучите во вашето дневно мени. Медот е богат антиоксиданс и содржи многу минерали.

Јаткасто овошје бадеми, лешници, ореви, индиски ореви и бразилски ореви. Освен што се богати со омега-3 масни кислеини, содржат и многу антиоксиданси, минерали и витамин Е (одговорен за здравјето на кожата). На нив можете да им ги приклучите и семките од тиква и сончоглед, кои исто така содржат многу важни минерали, чиј недостиг сериозно може да влијае и да го оштети функционирањето на имунолошкиот систем.

Интегрални житаркиовие житарки се добиваат од мелењето на целото зрно, па така се зачувува нутритивната вредност. Од сите нив, најкалитетен е овесот, кој не содржи воопшто глутен.

Зачинициметот, лутата пиперка, ѓумбирот, ренот се исто така многу моќни антиоксиданси со природно дејство кои го подобруваат здравјето на човекот и отстрануваат многу болести.

Водатребате да обратите внимание на овој фактор и да пиете минимум по 2,5 литри, односно 4 и повеќе литри при било каква физичка активност. Само, внимавајте при нејзиното внесување пред и оброците, со цел да се одбегне лошото варење.

Комплекс од витамини Бпотребни се за зголемување на производството на енергија на клеточно ниво. Голем број луѓе не внесуваат доволно витамин Б, па затоа неговото внесување преку храната во многу случаи е ефикасен.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина