Колку пати за вишокот на килограми го обвинуваме метаболизмот? Да погледнеме како да го забрзаме метаболизмот и како навистина да ослабнеме.

 

Што е метаболизам и од што зависи неговата брзина?

Навистина, доколку имате проблем со варењето, имате мрзливи црева, тогаш значи дека побавно ги исфрлате токсините од телото и нивото натрупување може да влијае на тоа побавно да слабеете или воопшто да не слабеете. Но, кога се работи за забрзување на метаболизмот, не зборуваме за тоа како да се има редовна столица и како да се спречи запекот.

Метаболизмот е процес на претворање на калориите во енергија. Брзината на метаболизмот е брзината со која се одвива овој процес на претворање. Брзината на базалниот метаблизам или БМР е најмалата количина на енергија која му е потребна на нашето тело за да може да ги извршува најосновните процеси во организмот (варење, размислување, дишење и слично) и на тоа отпаѓа околу 40 -70%  од енергијата која ја троши телото. Тоа зависи од начинот на кој живеете. Ако седиме цел ден, на телото нема да му треба толку енергија колку што ќе му треба кога сме цел ден во движење. Како резултат од тоа, непотребните калории се таложат во сало и масни наслаги.

Постојат дебели луѓе кои имаат брз метаболизам. Некои студии имаат покажано дури и дека дебелите луѓе имаат побрз метаболизам од слабите, бидејќи на телото му е потребно повеќе енергија за да придвижува поголема тежина во текот на денот. Тоа докажува дека причиата за дебелината лежи во нешто сосема друго, како на пример во погрешните животни навики, повеќе внесени калории отколку што телото е способно да потроши и т.н. Покрај ова, на брзината на метаболизмот можеат да влијаат полот, годишната старост и генетиката. Ако сте жена, шансите за побавен метаболизам се поголеми, посебно по 35-та година од животот. Се смета дека на 35 години телото согорува 100 калории помалку отколку кога имате 25 години. Сепак, ова може да се смени, само доколку се сменат и животните навики.

7 начини за забрзување на метаболизмот

 

1. Намалете ја собната температура во која престојувате и спиете. Студиите покажале дека на овој начин телото согорува повеќе калории. Тогаш организмот ја зголемува внатрешната температура за да ја оддржи топлината, а со тоа ангажира повеќе енергија и троши повеќе калории, односно го забрува метаболизмот.

2. Намалете го стресот или сведете го на минимум. Стресот многу често го лекуваме со храна, бидејќи таа ни го подига нивото на сератонин и така ги маскира невољите со привремено чувство на среќа. Кога сме изложени на стрес, телото лачи хормон кортизол, кој во повеќе наврати се има покажано како фактор кој го забавува метаболизмот. Една студија извршена на Универзитетот во Охајо, САД, во 2014 година, покажала дека оние жени кои биле под стрес 24 часа согоруваат 104 калории помалку отколку оние кои не се изложени на неговото дејство.

3. Спијте доволно. Недостигот на сон е своевиден стрес за организмот. Се покажало дека недоволниот сон влијае на тоа телото да се прилагоди на таа состојба на замор на тој начин што ќе троши помалку енергија или ќе го забави метаболизмот

4. Шетајте. Вежбањето е неопходно за да ослабнеме. Дури и една обична прошетка од половина час дневно може да влијае на неговата брзина, а ако на тоа се додадат и неколку други вежби, тогаш може да се направи значајна разлика. За забрзување на метаболизмот најдобро е да се изградат мускули. Телото кое има повеќе мускули троши повеќе енергија, односно има побрз базален метаболизам. Затоа, важно е да се креваат тегови.

5. Без ригорозни диети. Да се промени начинот на исхрана и поздраво да е храните е едно, а да се помине на ригорозна диета е нешто сосема друго, бидејќи во текот на денот се внесуваат малку калории. Таква е, на пример, Данската диетаРигорозните диети имаат она што се нарекува “jo-jo” ефект. Ако нагло се укинат голем број калории, многу брзо ќе почнете да чувствувате желба за храна и килограмите ќе се вратат. Освен тоа, со изгладнување телото се доведува во режим на преживувањеОрганизмот тогаш го забавува метаболизмот за да ги врши најосновните функции и диетата станува бесмислено исцрпувачка.

6. Не прескокнувајте го појадокот. Зошто е овој оброк битен? Затоа што на тој начин му давате на организмот веднаш наутро да започне со трошење на калориите и имате доволно време за во текот на денот да ги потрошите. Ако јадете пред спиење, организмот се забавува додека одморате и варењето на храната е побавно. Ако тоа ви е навика, телото останува во тоа бавно темпо, а масните наслаги се трупаат.

7. Јадете во текот на целиот ден. Но, без претерување. Кажано поинаку, подобро е да јадете повеќе помали оброци во текот на денот, бидејќи на тој начин метаболизмот работи преку целиот ден. Ако ја сведете исхраната на два или три оброци во текот на денот, помеѓу кои има голема временска разлика, големи се шансите дека кога ќе дојде време да јадете, ќе бидете многу гладни и ќе се прејадете. Покрај тоа, поради гладот метаболизмот побавно ќе ги троши калориите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина