Херпесот настанува како последица од инфекција со вирусот herpes simplex, кој обично ја напаѓа областа на усните, како од надворешна, така и од внатрешна страна, а може да се појави и на брадата и на носот. Треба на време да се откријат неговите симптоми, а во случај да се појави повторно, треба да се знае на кој начин да се лекува.

Вирусот на херпесот е карактеристичен по тоа што кога еднаш ќе влезе во нашиот орагнизам, тешко може да се излекува во целост. Со одредени терапии, креми и други медицински препарати само го доведуваме во состојба на мирување и, од зависност од нашиот имунолошки систем, неговото повторно појавување е неизбежно. Најчести причини за негова појава се стресот, исцрпеноста на организмот, пад на имунитетот, грипот и сите друго вирусни инфекции кои го погаѓаат нашиот организам во текот на студените зимски денови. Не треба да се заборави и дека појавата на херпесот се појавува и за време на летото, бидејќи високите температури и силното сонце можат да доведат да будење на вирусот на херпесот и негово појавување на површината на кожата.

Појавата на херпесот ја следат мали пликови исполнети со течност, кои можат да чешаат, болат и пецкаат. По некое време пликовите пукаат, преминуваат во краста и оставаат лузна. Основно правило на сите вирусни инфекции е обидот за изнегнување на изворот. Дали се работи за пиење од иста чаша од која пиел оној кој има херпес, за бакнеж или за употреба на иста крпа по туширање или ист прибор за јадење, сите тие се извори на вирусот и треба да се одбегнуваат.

Лекување на природен начин

Откако ќе се заразиме, овој вирус е постојано присутен во телото, скриен во нервот во близина на устата и носот, а на површината се појавува откако ќе ни падне имунитетот. Прво треба да се напомене дека херпесот не може да исчезне за два дена ако веќе се појавил на кожата. Битно е на време да е препознаат симптомите и да се лекува областа на која се има појавено. Постојат разни препарати за негово лекување, но ви советуваме да пробате првично со коцка мраз. Ако почувствувате пецкање, чешање или црвенило, земете коцка мраз и ставете ја на таа област и со тоа ќе го спречите појавувањето на херпесот.

Друг природен препарат со кој можете да си помогнете при поја на херпес е следниов:

Направете густа смеса од три покрупни изрендани чешниња лук и 100 грама мед. Со оваа смеса мачкајте инфицираните делови.

Од херпесот можете да се ослободите и ако го мачкате со 3% хидроген или масло од тиква, кое можете да го купите во сите продавници за здрава исхрана.

Уште еден природен лек за херпес е брашното од хељда. Едноставно, 1 лажица брашно од хељда прелијте ја со 2 филџана врела вода, малку варете го и добиената смеса ставајте ја на инфицирните делови.
Покрај сите овие лекови, и содата бикарбона може да помогне. Се меша со малку вода да се добие густа смеса и се нанесува неколку пати во денот.

Како природни лекови против херпес добро ќе ви дојдат и алоето, нането и прополисот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина