‘Рбетот е еден од најважните делови. Неговата главна задача е да ги заштити деловите на централниот нервен систем (‘рбетниот мозок и нервите на’ рбетниот столб). Затоа треба да внимаваме на него пред да се појави болка. ‘Рбетот треба да се одржува од најрана возраст. Следете ги овие упатства за да го исправите ‘рбетот.

 1 ) Проверете ја состојбата

Темелно испитајте ја состојбата на вашиот ‘рбет на лекар за знаете дали сè е во ред и дали постојат некакви оштетувања во случај да сте имале некои повреди.

2 ) Внимавајте на држењето на телото

Без оглед на тоа каде сте и што правите, одржете ја правилна положбата на ‘рбетот. Усогласете ги грбот, вратот и главата во што е можно поправилна линија .

3 ) Лежите правилно кога спиете

Спијте на перница која не е многу дебела. Ако цела ноќ заради големата перница го искривувате вратот, може да имате проблеми. Ако спиете на грб, ставете перница под колената или стапалата, а ако спиете на страна, ставете перница помеѓу нозете. Немојте да спиете на стомак. Запаметете дека е важно и да имате добар душек.

4 ) Држете ги рацете и нозете исправени

Обидете се да ги држите вашите раце и нозе исправени, со цел да имате подобра циркулација и подобро здравје.

5 ) Истегнете го ‘рбетот, нозете и задникот

Некој нека ви помогне да го истегнете вашиот ‘рбет, нозете и задникот така што ќе ги бутка мускулите од надворешите страни навнатре .

6 ) Грижете се за вашите коски

Внимавајте на тоа секој ден да ја внесувате потребната дневна количина на калциум. Добар извор на калциум се млечните производи : сирење, млеко и јогурт.

7 ) Вежбајте

Вежбањето, истегнувањето и балансирањето на телото можат да бидат многу корисни. Јогата затоа е многу добра за ‘рбетот. Добри се и вежбите за изградба на мускулите . Што повеќе мускули, ‘рбетот е побезбеден, бидејќи силните мускули го држат рбетот на место.

kicma_1

8 ) Одете на масажа на грбот, рамената и вратот

Масажа во прееделот на ‘рбетот ќе ви помогне да имате подобра положба на телото .

9 ) Посетете лекар за да проверите дали имате сколиоза

Премногу искривениот ‘рбет е сериозен проблем. Ако сте тинејџер и го имате овој проблем, можеби прво ќе ви дадат да носите протези за грб, а може да се случи и да морате на операција.

10 ) Одете исправено

Кога одите, исправете се, така што вашите раце да бидат во линија со вашите уши. Не дозволувајте си да сте подгрбавени додека одите. Вежбајте и со тек на времето сами себеси ќе се потсетувате да стоите правилно.

11 ) Вежбајте го држењето на вратот

Направете ја буквата Т со рацете и свиткајте ги во лактови. Отворете ги дланките и во оваа положба повлечете ги рацете наназад колку што можете. На овој начин свитканиот ‘рбет ќе се придвижи напред, а вратот ќе оди наназад. Потоа спуштете ги вашите подлактици напред до линијата на рамениците, па пак подигнете ги и зафрлете ги колку што можете. Повторете неколку пати.

12 ) Вежбајте лежејќи

Легнете на страна и движете ја горната нога напред, а вратот назад.

13 ) Истегнете се

Грбот можете да го истегнете и на тој начин што ќе ги раширете нозете додека сте во стоечка положба, па ќе го допрете левото стопало со десна рака, па истото ќе го повторите и со другата рака и нога.

14 ) Наместете го вратот

Долниот дел на вратот можете да го наместите така што едната рака ќе ја ставите на него, а една на вилицата, па ќе туркате наназад. Истото можете да го направите и со горниот дел од вратот.