И нискиот притисок како и високиот подеднакво е штетен за организмот и доведува до низа проблеми. Ова се само некои од начините како можете да си помогнете доколку патите од низок притисок.

 

Сол со вода.

Парче леб наросете обилно со сол и изедете го. Под влијание на солта се стеснуваат крвните садови, а со оа притисокот расте.

Вода

Пијте по три-четири голтки вода на секои десет-петнаесет минути. Колку повеќе вода ќе испиете, толку повеќе крв ќе има во крвните садови, а со самото тоа и крвниот притисок ќе се зголеми. Ова е особено добро за оние кои многу седат на работното место.

Солни бањи

Во еден литар млака вода ставете 10 гр. до 20 гр. морска сол и во овој раствор држете ги нозете отопени. Ако тоа го правите редовно, ќе го зајакнете крвотокот.

Длабоко јога дишење – дишење со стомак.

Овој метод не го зголемува притисокот, туку при зголемување на нивото на кислород во крвта тој се нормализира. Во повеќето случаи овие вежби се имаат покажано како најдобри и како најбрз начин за подобрување на субјективното чувство.

Горчлива сол (амонијак).

Мирисот на горчливата сол или на некое силно етерично масло ќе ви помогне да го нормализирате притисокот.
Се верува дека еден филџан силно кафе помага брзо да го подигнеме притисокот. За жал. Ефектот од кофеинот е многу кус – притисокот многу брзо уште повеќе се спушта.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина