plaza_1

Дојде и летото и сезоната на костими за капење. За поголемиот дел од нас ова значи и неугоден почеток на излагањето на нашето тело на виделина после неколкумесечното криење под слоеви облека. Ви претставуваме неколку совети од експерти за што подобра подготовка за телото и плажата, со помош на кои ќе изгледате витко, а вашата кожа сјајно и мазно целото лето.

Променете ја исхраната

Експертите истакнуваат дека е потребно во потполност да престанете да консумирате храна која го подува телото и создава воспаленија. Престанете да консумирате шеќер, глутен, јаглехидрати и алкохол, а зголемете го внесувањето на зелен зеленчук, протеини, здрави масти и овошје.

Најголемиот мит, во кој веруваат повеќе луѓе, е тој дека мастите не дебелеат. Добрите масти, кои можеме да ги пронајдеме во авокадото, овчото сирење и пилешкото месо, ќе го подобрат изгледот на вашата кожа, а нема да предизвикаат таложење на вишок килограми. За резултатите да бидат уште подобри, експертите предлагаат користење на детоксикација на целиот организам.

plaza_2

Започнете да вежбате

Сите сакаме да се чувствуваме полесно, и физички и емоционално, во моментите кога не го прекриваме целото тело. За да го постигнете тоа, почнете да вежбате. За еден добар и квалитетен тренинг ви се потребни околу 75 минути. Тоа можеби ви изгледа многу, но ако сакате да го подготвите вашето тело за плажа, тоа не смеете да го избегнете. Комбинирајте вежби за сила и аеробни вежби за да добиете тренинг со висок интензитет. Не заборавајте и на медитацијата која ќе ви помогне повторно да ја воспоставите рамнотежата помеѓу умот и телото.

Интензивните тренинзи се одлични бидејќи го поттикнуваат согорувањето на масти, а воедно ја зголемуваат и мускулната маса. Додека вежбате, немојте да размислувате негативно, Запаметете дека правите нешто што е добро за вашиот изглед и здравје. Важно е да ги пронајдете оние вежби во кои уживате и кои со задоволство ги правите. Тоа може да бидат било кои, само е важно да ги комбинирате вежбите са сила и аеробните вежби бидејќи на тој начин најбрзо ќе дојдете до посакуваните резултати.

Кожата нека биде мазна

Проучете ги сите достапни производи за пилинг на пазарот. Ако можете да си дозволите, експертите препорачуваат микродермоабразија со која ќе ги отстраните сите мртви клетки од кожата. Потоа, зависно од типот на вашата кожа, нанесете гликолна киселина која се покажала како одлична за намалувањето на пигментациските флеки, бубулиците и вишокот на себум. Можете да одберете и нешто поинтензивен производ – триклороцтена киселина која продира подлабоко во кожата, го поттикнува создавањето на колаген и ја зголемува еластичноста на кожата.

Слични резултати можете да постигнете и само. Туширајте се колку што е можно со потопла вода за да го поттикнете проширувањето на порите. Потоа направете пилинг со производот кој одговара на вашиот тип на кожа. За проблематичните делови на телото, како што се петите, лактовите и колената, користете четка за пилинг. После тоа, кожата нахранете ја со природни лосиони за тело.

Депилацијата е задолжителна

За да се осигурате дека нема да имате ниту едно влакненце на телото, направете депилација со восок и заборавете на бричот. Пуштете ги влакненцата да растат 3 недели. Најдобро би било депилацијата да ја направите во козметички салон. Пред да отидете, со кружни движења направете пилинг на целото тело. На овој начин ќе ги отстраните мртвите клетки од кожата и ќе ја олесните депилацијата и на најситните влакненца.

Немојте сами да се депилирате, бидејќи најверојатно нема правилно да го сторите тоа. Секако посоветувајте се со козметичарката кога треба повторно да отидете на депилација. На депилација немојте да одите за време на менструацијата, како и 3 до 4 дена пред и после циклусот, бидејќи тогаш прагот на болка е нешто понизок.