Рчењето е еден вид на нарушување на дишењето во текот на спиењето кое влијае на квалитетот и квантитетот на сонот на оној кој спие покрај тој кој рчи. Лошиот квалитет на сонот влијае врз расмислувањето и расудувањето. Недостатокот на сон може да не направи раздразливи. Велат дека вистинската љубов ништо не може да ја победи, но тој кој го кажал ова веројатно не бил покрај некој кој рчи. Рчењето дефинитнов е најлошата работа која може да се искуси во спалната соба. Оние кои рчат не се ни свесни дека го прават тоа, но сепак мора да се потрудиме да го спречиме.

Еве кои се начини можат да се променат за тоа, а ако и вие имате проблем со него, овие совети сигурно ќе ви помогнат.

1. Спијте на страна

Кога спиете на грб, јазикот ви паѓа наназад, што одведува до рчење. Ова можете да го решите на наједноставен начин, така што ќе се свртите или ќе му кажете на тој што рчи да го направи истото.

2. Обидете се да ослабнете

Ако имате вишок килограми, тоа може да доведе до лошо минување на кислородот, па така се јавува рчење. Тоа е причината поради која дебелите луѓе повеќе рчат од слабите.

3. Исчистете го носот пред спиење

Рчењето се постигнува само ако дишете на уста. Затоа мора да го користите носот за дишење во текот на ноќта. Добро исчистете го носто, за да не се затне за време на спиењето. Така за време на целата вечер ќе дишете на нос и нема да рчите.

4. Користете носни ленти

Доколку вие или вашиот партнер имате проблеми со рчењето, кое е предизвикано од тесните дишни патишта, тогаш користете носни ленти. Тие ќе ви помогнат да ги раширите дишните патишта во текот на ноќта и така поправилно да дишете.

5. Посетете доктор

Ако рчите, постои можност да се работи за некоја инфекција, која го спречува нормалниот проток на водух. Докторот најдобро ќе ви каже која е причината за вашето рчење.

6.Користете тапи за уши

Ако сепак вашиот партнер и понатаму рчи, тогаш земете тапи за уши и едноставно изолирајте се од овие непријатни звуци.

7. Обидете се со природни лекови
Инхалацијата на чаеви за синусите е само еден од методите кои можат да ви помогнат со овој проблем.

8.Исчистете ја куќата

И алергиите исто така можат да бидат причина за рчењето. Најчеста е алергијата на прашина. Значи, исчистете го домот и видете дали ќе престане рчењето.

9. Внимавајте што јадете

Ова е многу важно ако сакате да престанете да рчите. Ако јадете тешка храна и пиете алкохол, најверојатно ќе рчите. Алкохолот ги опушта мускулите, па грлото најверојатно ќе почне да рчи.

10. Спијте во друга соба

Ако ништо не помогне и ако после се се уште рчите, тогаш променете ја собата во која спиете и бидете сами. Така никому нема да му пречите.

 

Тагови: рчење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина