Преместувањето и реорганизацијата на храната во фрижидерот, може да биде клучен фактор за вашето слабеење, тврдат стручњаците. Доколку намирниците ги подредите така што прво да ја здогледате здравата храна, може да ви помогне во губењето на вишокот килограми, тврди Брајан Венсинк, автор на книгата „Дизајнерско слабеење- Едноставни решенија за секој ден”.

Фрижидерот би требало да го средувате еднаш неделно, бидејќи нередот го одвлекува вниманието од здравите намирници и ја намалува желбата за слабеење.

Горните полици резервирани за пијалоци

Докажано е дека три пати почесто ќе посегнете за она што прво ќе го видите отколку за намирниците кои се на дното на фрижидерот. Токму заради тоа, на најгорната полица треба да ги сместите здравите пијалоци како што се млекото и водата. Консумирањето на течности го намалува апетитот и помага во слабеењето, особено ако од исхраната се исфрлат калоричните газирани пијалоци.

frizider_1

На средните полици нека бидат овошјето и зеленчукот

Средните полици се идеални за овошјето и зеленчукот, а истражувањата потврдија дека чувањето на овие намирници на видливо место ги поттикнува луѓето да јадат и до една чаша овошје и зеленчук на ден. Зголемното консумирање на ваквата храна помага во побрзото губење на килограмите.

Третата полица е резервирана за јајцата и млечните производи

Јајцата, јогуртот и сирењето треба да ги сместите на третата полица.  Овие намирници се многу богати со протеини, а студијата на американскиот универзитет Јејл покажала дека протеините го стимулираат хормонот кој го спречува чувството на глад.

Така, жените кои додаваат 50 грама протеини во секојдневната исхрана внесуваат и до 30 отсто помалку калории отколку жените кои не ја консумираат оваа количина на протеини во секојдневната исхрана.

На вратата чувајте ги различните сосови

Полиците на вратите од фрижидерот се совршени за различните врсти на сосови. Одредени зачини и сосови можат да поттикнат посилно чувство за ситост и можат да помогнат во губењето на килограмите.

Високикалоричната храна “сокријте ја” во фиоките на фрижидерот

Во фиоките од фрижидерот  е најдобро да ги чувате десертите и другата висококалорична храна. Преместувањето на овие намирници на дното на фрижидерот за два пати ја намалува желбата за десерти и масна храна.

Надворешниот дел од фрижидерот е исто така важен

Надворешниот дел од фрижидерот е подеднакво важен како и внатрешниот. Па така, интересните фотографии од вас, пораки или цитати на вратите можат на неколку секунди да го одвратат вашето внимание од храната и да ве наведат да размислите за тоа дали сте навистина гладни.

За замрзнувачот важат истите правила

За замрзнувачот важи истото правило како и за фрижидерот. Намирниците треба да бидат уредно сместени, со тоа што здравите намирници како на пример рибата или замрзнатиот зеленчук , треба да бидат на видливо место, додека десертите треба да се стават во страничниот дел.