Ако некогаш сте биле во теретана и сте вежбале со некој кој особено многу се разбира во фитнесот, тогаш сигурно имате слушнато дека најдобариот лек за воспалени мускули е уште еден обработен тренинг. Во продолжение погледнете некои тајни кои дополнително ќе ви помогнат. Ако од неодамна сте почнале да се занимавате со трчање, фитнес или вежбање на справи, тогаш сигурно се соочувате со болни воспаленија на мускулите. Сепак утешително е тоа дека тоа е знак дека вежбањето делува и дека се што правите има или ќе има ефект во догледно време. Во продолжение погледнете како да се ослободите брзо и ефикасно од воспаление на мускулите.

 

Сок од вишни

Ова е сигурно најдобриот напиток кој може да се испие по вежбањето, бидејќи докажано е дека вишните имаат антивоспалителни и аналгетски својства. Богати се со антиоксиданси и сигурно ќе ви помогнат во тоа воспалението на мускулите да биде колку што е можно побезболно.

 

Кафе

Ако планирате да вежбате наутро по будењето, тогаш би било добро пред тоа да се напиете кафе. Истражувањата докажале дека пиењето кафе пред вежбање ја намалува можноста за воспаленија, а и заморот кој би можел да дојде по обработениот тренинг. Ако кофеинот се користи во умерени количини, не донесува нус-појави, а стручњаците препорачуваат две шолји пред тренинг.

 

Мраз

Топлата релаксирачка бања ќе ви помогне можеби за моментално олеснување, но мразот е тој кој нависина помага. Ледените бањи се нешто кое го користат професионалните спортисти, бидејќи тие спречуваат да не дојде до понатамошни оштетувања на мускулите и го забрзуваат заздравувањето. Ако не сакате да легнете во када полна со студена вода, можете да користите ледени облози на болните делови од телото.

 

Масажа

Докажано е дека длабинската масажа по вежбањето го подобрува протокот на крв кон мускулите и го забрзува отстранувањето на воспалителните хемикалии, кои инаку предизвикуваат болка во мускулите. За масажата да биде ефикасна, прво треба да се масира делот под и над болното место, а потоа и самото болно место.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина