Перутот е невоспалителна варијанта на себороиден дерматитис. Еден е од почестите проблеми со кој поголем дел од популацијата барем еднаш се среќава во животот, а како хроничен облик е присутен кај 2%-5% од луѓето. Може да се појави во кој било дел од животот и почест е кај мажите.

 

Постојат бројни претпоставки како доаѓа до самото заболување, а некои од факторите коишто можат да придонесат за негово појавување се: вродена склоност, годините (почесто во третата и четвртата деценија), премногу масна кожа, лоша хигиена, пад на имунолошкиот систем, некои хронични болести, габични заболувања на кожата, Паркинсонова болест, стрес, а можни се и временскките прилики.

 

Површниот дел од кожата, кој има заштитна улога, во нормални услови незаблежливо се лупи на секои 28 дена. Заштитна улога има и себумот, материја која се состои од масти и која ја излачуваат себацеалните жлезди, распределени околу фоликулите на влакната на кожата, најмногу на косматиот дел на главата (капициумот), челото, лицето и горниот дел на градите, таканаречени себорични делови.

 

Се претпоставува дека претераната количина себум (масна кожа) претставува добра подлога за раст на габата Pityrosporum ovale, која и инаку се наоѓа на кожата, но која во преголема количина веројатноима ефект на процес на лупење на кожата, кој станува побрз, а со самото тоа и видлив како перут.

 

Перутот се манифестира со појава на масни, жолтеникаво – бели лушпи, кои спонтани паѓаат од површината на главата покриена со коса, па често прво нив ги забележуваме на рамењата и облеката.

 

Можат да се појават и на пределот на веѓите, челото, зад ушите, надворешниот ушен канал, лицето, градите и грбот, иако многу тешко може да се оддели поимот перут од самиот себороичен дерматитис.

 

Покрај лушпи, може да се појави и чешање на споменатите делови, па се случува луѓето сами да ги острануваат, со што можат да се појават красти, како и некои габични заболувања или бактериски инфекции. Ако се појави и црвенило, тогаш тоа е знак за воспалителна реакција, односно за присуство на себоричен дерматитис.

 

Лекување

 

Иако перутот може да биде многу упорен проблем, кој со тек на време се враќа често, постојат броји средства кои овозможуваат добра контрола и кои со правилна примена даваат одлични резултати.

 

Повеќео од овие методи се базираат на локална примена на креми на кожата и шампони за коса кои содржат кетоконзаол, клотримазол, миконазаол или некој друг антигабичен препарат. Или шампони кои во себе имаат цинкт пиритион, селениум сулфисд или деривати на катранот.

 

Со добра и редовна хигиена, но и со правилна употреба на споменатите тераписки средства може значително да се редуцира зачестеноста на оваа здодевна и естетски непријатна појава.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина