Чувството кога започнувате нешто ново и интересно, некоја физичка активност која не сте ја практикувале досега е одлично. Знаете дека правите нешто одлично за вашето здравје, но и за вашите мускули и за обликот на вашето тело. Но, мора да признаете – нема понепријатно чувство од воспалението на мускулите после тренинг. До воспаление на мускулите доаѓа заради микрооштетувањето на мускулните влакна, кои после вежбање се „скинуваат”, а во пукнатините кои настануваат, се насобира млечна киселина и таа е онаа која предизвикува болки. Болките може да имаат различен интензитет, од слаби болки до оние болки кога ве боли целото тело при секое најмало движење, дури и додека се смеете или кашлате. За некои ова се слатки болки, но доколку и вие сте од оние кои не можат да ги поднесат овие болки, во прилог се неколку совети за да дејствувате превентивно.

 

Загрејте се

Мускулите кои не се загреани, а се приморани да се движат, во краток временски период ќе бидат оштететени. Со постепеното загревање полека се зголемува и забрзува ритамот на срцето и дишењето, што овозможува доток на храна и кислород во мускулите, со што се намалува производството на киселина во мускулите.

 

 

 

 

Вода, вода и само вода

Посебно по физичката активност, се препорачува внесување на голема количина вода, за телото да не остане дехидрирано и при тоа мускулите да не останат без доволен проток на крв низ нив.Пред вежбање немојте да заборавите да внесете храна богата со јаглехидрати која  на вашите мускули ќе и даде енергија, а по вежбање протеини, кои брзо ќе ги опорават мускулите и ќе поттикнат брз раст.

 

Распоредете го вежбањето

За една група мускули подобро да функционира и да биде побргу доведена во форма, а истовремено да ја избегнете и болката, поделете ги вежбите за раце, гради, стомак и грб. На пример, еден ден вежабјте ги трицепсот и градите,  друг ден бицепсот и грбот, па рамената и нозете. Помеѓу сериите вежби, правете кратки паузи  и растегнете ги мускулите кои сте ги вежбале.

Витамини и андол против болки

Една од најпознатите методи е лечење на воспалението на мусулите со препарати на база на ацетилсалицилна киселина. Па така, во краен случај, доколку не можете да ја поднесете болката во мускулите, земете андол, кој ќе ја разреди вашата крв и ќе ја зголеми циркулацијата низ вашите мускули и ќе ја разреди млечната киселина. Редовно конзумирајте витамин Ц, како и магнезиум, цинк и калиум.