Ако мајка ви или татко, или двајцата, имале проблеми со телесната тежина, големи се шансите и вие мака да мачите со нив. Причината за тоа лежи во гените.

Дали сте знаеле дека повеќе од 100 гени во телото се поврзани со дебелината? Сепак, има и добри вести – не мора сите тие да бидат активни! Некои од нив можат буквално да се ,,исклучат,, а дали ќе успеете во тоа, зависи од вашата околина и животните навики.

Ова се само некои од промените кои треба да се воведат за тие да се ,,исклучат,, па ќе видите како набрзо ќе бидете многу послаби и поблиску до идеалната телесна тежина.

 

1. Ништо без протеините

Пилешкото, јајцата и другата храна богата со ппротеини не им е неопходна само на боди билдерите. Една студија направена во 2014 година покажала дека луѓето кои носат во себе некоја од варијациите на гените за дебелеење имале значително помал апетит и желба за брза храна кога биле на нискокалорична исхрана, која се темелела на 25% протеини. Протеините се материи кои не заситуваат и кои бараат повеќе енергија за време на варењето, па на овој начин се согоруваат повеќе калории.

 

Што треба да направите?

Вклучете во секојдневната исхрана барем една намирница богата со протеини, како што е мисиркиното месо, шкампите или кикиритките. Поголемо количество на протеини секој ден му помага на телото да ги искористи на најдобар можен начин, како и за градење на мускули по вежбање.

 

2.Јадете рано наутро

Телото има свој внатрешен часовник – поради тоа се чувствуваме лошо или имаме главоболки кога ќе станеме доцна. Овој часовник чука во секоја келтка од телото и влијае на метаболизмот, исто како и на навиките за спиење. Една студија до 2016 година открила дека луѓето кои имаат во себе гени за дебелеење значително слабееле кога почнале да јадат рано наутро. Истото важи и за доцните оброци – поран ручек или вечера исто така поволно се одразуваат на нашата линија.

 

Што треба да направите?

Појадувајте што порано, и никогаш немој да ручате ,,попатно,, додека нешто работите, бидејќи на тој начин не сте свесни колку и што сте изеле.

 

 

3.Зголемете го оптоварувањето

Угледајте се на Амишите. Тие физички многу работат, а истражувањата покажале дека токму таа навика не им ги ,,вклучува,, гените за дебелеење. И, тоа е вистина. Не може да се види дебел Амиш. Тоа е невозможно, бидејќи просечен човек од оваа заедница дневно троши по 900 калории.

 

Што треба да направите?

Нема потреба да се преселите на некоја фарма за да бидете активни како некој Амиш. Постојат многу други начини со кои можете да согорувате по 900 калории дневно. На пример, одете на брза прошетка барем 3 километри или возете велосипед 50 минути.

 

 

4.Пробајте ја медитеранската исхрана

Луѓето кои во себе го имаат генот за дебелење под името MC4R, повеќе се склони кон дебелеење и кон дијабетес тип 2. Но, постои надеж во вид на медитеранска исхрана, која буквално може да го ,,исклучи,, овој ген. Прогласена е за најздрава исхрана во светот и единствена на која Светската зравствена организација не и пронашла никаква маана. Клучот е во влакната и антиоксидансите со кои изобилува оваа исхрана, а кои помагаат да се спречи дебелеењето и да се поправи метаболизмот.

 

Што треба да направите?

Јадете што повеќе медитерански намирници, како риба, маслиново масло, свежо овошје и зеленчук, мешунки и јаткасти плодови.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина