Постојат многу работи штои можете да ги направите за да го подоброте своето пливање. Следува листа од неколку совети кои најдобро ќе ви помогнат при тоа. Она што секако прво треба да го направите е да отидете на базен. Излезете од канцеларијата и почнете да пливате. После ова, полека почнете да ги правите работите од оваа листа.

plivanje_naslovna

 

Пливајте најчесто што можете

Доколку не одите на базен најмалку три пати неделно, ќе го изгубите чувството за вода и вашата техника ќе почне да опаѓа. Без чувство нема техника, а без техника нема брзина. Можеби вежбате во базен два пати неделно, но за повеќето пливачи тоа не е доволно. Доколку можете да бирате помеѓу два подолги тренинга и четири пократки, секогаш изберете го поголемиот број, а не долготрајните тренинзи.

Секогаш пливајте со вашата најдобра техника

Одржувајте ја техниката која најдобро ја знаете без разлика на  тоа со која брзина пливате. Доколку пробувате да пливате брзо и тоа со лоша техника, ја расипувате енергијата. Тоа и понатаму може да биде добра вежба, и понатаму ќе согорувате калории, но тоа нема да ви помогне да станете подобар пливач. Ако успеете да се навикнете да пливате брзо со подобра техника, пред себе ќе можете да си поставите повозвишени цели.

Правете вежби како дел од секојдневната посета на базенот

На почетокот на терминот, во средината или на крајот на терминот, направете неколку специфични вежби кои ќе ви помогнат да ја унапредите вештината на пливање. Дури и само неколку замавнувања при кои навистина мислите на она што го правите со рацете, лактите, рамениците, главата, телото, колковите, нозете, колената или стапалата, може да ви помогнат да пливате подобро.

Поставете си високи цели

Еднаш или два пати неделно (зависи од тоа колку често го посетувате базенот) истражете ги своите можности и одете до крај. Ако секогаш кога пливате повеќе внимание и обрнете на техниката таа ќе се поправи. Но, што доколку сакате да пливате побрзо? Ќе се уморите, вашата техника че опадне и на крајот, вие ќе се откажете, Меѓутоа, ако некогаш пливате  со сета енергија, а некогаш ја вежбате техниката, ќе научите да вежбате квалитетно и брзо.

Оставете си простор за одмор

Во зависност од вашите цели, можеби нема потреба да правите повеќе од една до две серии напорно пливање во неделата, доколку заедно со тоа, правите и една до две серии побавно пливање. Комбинацијата на напорно и бавно пливање ќе ја унапреди севкупната ваша вештина во базенот.

Пливајте во линии

Секогаш пробајте што подолго да пливате рамно. Вежбајте го свртувањето на крајот на базенот и научете како што побрзо да се отгурнете од работ на базенот, после секоја препливана линија. Тоа може нема да ви ја унапреди физичката подготвеност, но ќе ви помогне да станете подобар пливач.

Секогаш од зидот поттурнете се на ист начин

Без разлика на тоа дали тукушто ја почнувате серијата или сте во движење, секогаш од зидот поттурнете се како го менувате правецот.

Замолете некој да ве гледа додека пливате

Или подобро, замолете некој да ве снима. На тој начин, можете далеку побрзо да ја поправите вашата техника. Гледајте што правите и слушајте ги советите од другите, тестирајте го она што ве советуваат и поправете ја вашата техника.

Понекогаш користете пераи

Освен бројните други предности, пераите ќе ви помогнат да постигнете подобра положба на телото во водата и со време ќе научите како оваа положба да ја контролирате. Подоцна и без пераи ќе пробувате да ја имитирате оваа иста исправена положба и ќе знаете како да ја постигнете.