Дали сте слушнале за кафе со брокула, куркума или пак цвекло? Ќе ве изненади, но здравите кафиња стануваат се популарни во последно време. А, дали се и вкусни?

 

Кафе со куркума

 

Ширум светот е многу популарно ,,златното кафе,, или кафето со ,,златно млеко,,, а тоа се добива од многу здравата намирница куркума. Поентата е да се измеша млеко со малку прав од куркума и сето тоа да се додаде во кафе. Се знае дека кафето го поттикнува доброто расположение и дека дава енергија, а куркумата го јакне имунитетот и ги решава проблемите со цревата и со дишните патишта.

 

Брокула кафе

 

Засега се нуди само во едно кафуле во Австрија. Се прави така што на млеко му се додава брокула во прав. Овој зеленчук е многу здрав, полн со витамини кои го штитат организмот од рак, ја регулира дигестијата, го јакне имунитетот, го намалува холестеролот, го штити срцето од болести и го чисти организмот од токсини.

 

Кафе со цвекло

 

Во некои кафулиња веќе се послужува,а  се прави со комбинирање на сокот од цвекло со млеко, кое подоцна се додава во веќе сварено кафе. Цвеклото е добро за крвната слика, се бори против воспаленијата, поттикнувајќи ја издржливоста на организмот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина