Дали сте се запрашале некогаш каде ни одат мастите кои ги ,,согоруваме,,? Многумина веруваат дека, кога ќе се согорат, мастите се трансформираат во енергија или топлина, додека други веруваат дека тие некако се излачуваат вон телото. Трети, пак, дури се убедени дека мастите се претвораат во мускули. Но, што всушност се случува со масното ткиво? Според професорот Ендрју Џон Браун од Универзитетот во Јужен Велс, и поранешниот психијатар Рубен Мерман, она што навистина се случува е дека ние всушност издишуваме масти. Да, токму така! Го издишуваме, не во облик на масти, туку како јаглерод диоксид, поточно кажано. Целиот процес е објаснет во British Medical Journal.

“Постои изненадувачко незнаење и забуна во врска со метаболичкиот процес на губење на телесната тежина,” вели Браун во најновото издание на ова списание. Точниот одговор е дека најголем дел од масата се издишува како јаглерод диоксид,” додава Мерман. Оди во воздухот.”

Вишокот јагленохидрати и протеини се трансформираат во хемиски соединенија наречени триглицериди (кои се составени од јаглерод, водород и кислород), кои потоа се чуваат во липидните капки на масните клетки. За да загубите од телесната тежина, се обидувате да ги метаболизирате тие триглицериди, а тоа значи ослободување на јаглерод диоксидот кој се чува во вашите масни клетки. Кажано поинаку, за да загубите околу 11 килограми масти, треба да издишете околу 32 килограми кислород. ,,Отпадните,, материјали од тој процес ќе бидат 30,85 килограми јаглерод диоксид и 12,1 килограми H2O (вода).

Потоа овие двајца научници го пресметале соодносот на масата која се чува во тие 11 килограми масти, која постои како јаглерод диоксид и како вода кога губиме од телесната тежина. Преку следење на патеката на тие атоми вон телото, тие откриле дека 9,25 килограми се издишуваат како јаглерод диоксид. Од сето тоа испаѓа дека нашите бели дробови се примарен орган на излачување при слабеењето. Преостанатите 1,75 килограм се претвора во вода, која се излачува потоа преку урината, изметот, потта, дишењето и другите телесни флуиди.

Ова е навистина интересен факт кој мора да се знае. Само не обидувајте се да слабеете со поголемо дишење. Преголемото дишење од потребното според метаболичката скала води кон хипервентилација, проследена со вртоглавица, палпитации и губење на свеста.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина