Дали сте се запрашале некогаш каде одат мастите кога ќе се ,,стопат,,? Што навистина се случува со масното ткиво кога го согоруваме? Некои луѓе веруваат дека мастите се трансформираат во енергија или топлина, некои дека тие се ослободуваат или излачуваат од телото. Некои, пак, дури се убедени дека мастите се претвораат во мускули. Но, што навистина се случува со масното ткиво? Според професорот Ендрју Џон Браун од Универзитетот во Јужен Велс, и поранешниот физичар Рубен Мирман, она што навистина се случува е дека ние ги издишуваме мастите. Да, токму така. Ги издишуваме, но не во вид на масти, туку како јаглерод диоксид.

Постои изненадувачко незнаење и конфузија во врска со метаболичкиот процес на губење на телесната тежинавели Браун. “Точниот одговор е дека поголем дел од масата се издишува во вид на јаглерод диоксид,” додава Мирман. “Оди во воздухот.”

Вишокот јагленохидрати и протеини се претвораат во хемиски соединенија наречени триглицериди (кои се состојат од јаглерод, водород и кислород), а кои потоа се складираат во облик на липидни капки на масните клетки. За да ослабнеме, ние се обидуваме да ги метаболиизаме тие триглицериди, а тоа значи ослободување на јаглерод диоксидот кој е складиран во вашите масни клетки. Кажано поинаку, за да загубиме околу 11 килограми масти, треба да вдишиме околу 32 килограми кислород. ,,Отпаднитепроизводи од овој процес ќе биде  30.8 килограми јаглерод диоксид и 12 килограми H2O (вода).

Потоа овие двајца научници го пресметале процентот на маса складирана во тие 11 килограми масти, кој постои како јаглерод диоксид и вода кога губиме од телесната тежина. Преку следење на патот на тие атоми вон телото, тие откриле дека 9.25 од тие килограми се издишуваат во облик на јаглерод диоксид. Од тука излегува дека нашите бели дробови се основен орган за лачење при губењето на килограмите. Останатите 1,75 килограми отпаѓаат на водата, која се излачува преку урината, изметот, потта, здивот, солзите и другите телесни флуиди.

Ова е навистина интересен факт кој треба да се знае. Само, не се обидувајте да слабеете со повеќе дишење. Тоа може да доведе до хипервентилација, вртоглавица, палпитации и губење на свеста.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина