Додека некои со раширени раце ја пречекуваат пролетта, многумина од нас дури тогаш се фаќаат за глава. Свесни се дека тогаш се отвора сезоната на алергиите и дека нивните проблеми штотуку започнуваат. Пролетта за нив е синоним за алергија. Поленот и надворешните алергени, како што е прашината, можат да ви го направат животот неподнослив и тоа само ако правите грешки за кои не сте ни свесни дека всушност ги правите. Иако некои можат да чувствуваат полесни или потешки симптоми на алергија, важно е да се знае дека можете да си помогнете сами на себе доколку ги одбегнувате следниве грешки:

 

Ги оставате прозорците отворени

Воведете правило во сезоната на алергии прозорците да ви останат затворени. Дури и ако не сте дома, не ги оставајте прозорците отворени, бидејќи зрнцата од полен можат да влезат додека ве нема. Посебно не ги отворајте ако е надвор сончево и ветровито.

 

 

Ја вклучувате климата

Иако во текот на летните денови температурите можат да бидат неподносливи за сите, оние кои патат од алергија или имаат астма не треба да вклучуваат клима. Климата е штетна, а посебно за астматичарите кога при нејзино чистење се користат силни хемиски средства. Воедно, наглите температурни промени исто така им штетат на овие луѓе. Климата во секој случај не е решение за тие со алергии, бидејќи тие се посебно чувствителни. Како алтернатива добро е да се вградат филтри за полен во вентилацијата.

 

Вежбате во погрешно време

Ако сакате да вежбате на отворено, внимавајте на делот од денот и на временските услови кога ќе го правите тоа. Одбегнувајте да излегувате од дома рано наутро или попладне, бидејќи тогаш е најсилна концентрацијата на полен во водузхот. Колку е потопло и ветровито, толку е полошо.

 

Го одложувате користењето на лекови

Треба да одбегнувате да користите лекови со ,,задоцнување,,, кога буквално не можете да дишете. Кога знаете дека доажа сезоната на алергиите, обидете се да се погрижите за своето здравје на време. Превенцијата е најдобриот лек.

 

 

Дома имате кадифени играчки

Кадифените играчки се слатки и меки, но за жал во најголем број од случаите само лежат на полиците или на креветот и собираат прашина, која е најчест поттикнувач на алергии. Ако вашето дете или кој било во домаќинството има вакви играчки, а покрај тоа има алергија, најдобро е да се ослободите од нив.

 

 

Тагови: алергии
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина