Освен што влијае на физичкиот изглед, грдото масно ткиво или сало може да има и други значајни физички и емоционални последици. Дали сте знаеле дека салото на стомакот може да поттикне биполарно нарушување? Или дека масното ткиво постои во три бои? Зошто е тоа така прочитајте во продолжение.

 

Масното ткиво постои во три бои

 

Постојат три типови масно ткиво, кои се делат според бојата и функцијата која ја имаат во организмот: бело, кафеаво и беж.

Белото сало доминира во човечкото тело и е такво како што повеќето го замислуваат – бледо и бесполезно. Многу бавно се разградува поради што не помага во согорување на калориите, туку баш спротивно – служи како резервоар за вишокот калории кои ги внесуваме.

Кафеавото сало е со потемна боја, бидејќи е богато со крв и ги согорува калориите наместо да ги трупа. За жал, за разлика од некои други цицачи кои го имаат во изобилство, луѓето имаат толку малку кафеаво сало, што нема никаква корист.

Затоа тука се беж масните клетки, кои имаат способност да ги согоруваат калориите помеѓу белите и кафеавите.

Одредени хормони кои се активираат додека вежбаме можат белите масни клетки да ги претворат во беж, а наводно истата оваа способност ја има и храната како што се кафеавите алги, лутите пиперки и коренот од кантарионот.

 

Салото на задникот е поздраво од салото на стомакот

 

Поздраво е да се има тело во облик на круша наместо на јаболко, бидејќи масното ткиво на стомакот е многу почувствително на хормонот на стресот – кортизолот во споредба со маснотиите на колкоивте и задникот. Па кога сме под силен стрес, сите непотребни калории се трупаат околу средниот дел на телото.

 

 

Прво согорувајте калории, а потоа маснотии

 

 

 

 

Додека вежбате, пред да почнете да согорувате маснотии, прво почнете тоа да го правите со калориите, без разлика на тоа дали тие калории доаѓаат од складираните јагленохидрати или од складираното масно ткиво. Колку повеќе калории ќе согорите за време на секоја вежба, толку повеќе сало ќе загубите. Најдобро тоа се постигнуба со тренинзите со висок интензитет во интеравали, односно наизменично вежбање лесни и тешки вежби. На овој начин двојно повеќе калории можат да се согорат во ист временски период отколку кога за цело време се вежба со еднаков интензитет.

 

Масното ткиво влијае на расположението

 

Поради чувствителноста на хормонот на стресот, кортизолот и склоноста кон воспаленија, масното ткиво на стомакот, освен незадоволсво од физичкиот изглед, може да поттикне и сериозни психички нарушувања, како што е биполарното. Ако сте заробени во кругот стрес-храна-дебелеење-стрес, веројатно е дека ќе искусите трајно лошо расположение, дури и ако немате некоја клиничка состојба. За да го прекинете тој круг, обидете се да изедете еден ред темна чоколада. Таа содржи доволно шеќер за да ја задоволи желбата за храна предизвикана од стресот, а здравите флавоноиди во неа спречуваат воспаленија кои предивикуваат уште повеќе стрес. Сличен ефект имаат и млечните производи со малку маснотии – комбинацијата од калциум и магнзиум ќе ја ублажи реакцијата на стрес.

 

Јакнењето на мускулите додека се губат мастите го намалува целулитот

 

Целулитот е сало заробено под кожата. Не треба да се има многу сало за да се има целулит. ,,Портокаловата кора,, ги напаѓа и оние слабите кои се во одлична форма. Јакнењето на мускулите додека во исто време се губат мастите може да гонамали појавувањето на целулитот, односно да го разгради салото заробено под кожата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина