Човекот кој е под стрес е длабоко несреќен и се обидува да ја пополни оваа празнина преку различни други активности , често со храна, алкохол или дрога.

Кога ќе почнете со вежбање на јога , енергијата која била блокирана од различни тензии или негативни емоции се ослободува и полека ги пополнува овие празни места. Луѓето кои вежбаат јога, имаат помала потреба од храна додека се нервозни, а истражувањето направено со млади луѓе покажуваат дека тие со помош на јога успеале да се ослободат од пороците на модерното време како што се од алкохол и дрога.

Јогата преку вежби кои релаксираат, не ослободува од физичките последици на стресот кој е акумулиран во телото. Поточно, кога е човек под стрес , се зголемува притисокот, човекот е секогаш на готовс, па во екстремитетите доаѓа повеќе крв, а помалку во стомакот. Затоа варењето е влошено, циркулацијата е послаба …А што се случува кога вежбате јога ? Се намалува нивото на кортизол, хормонот на стрес, имунолошкиот систем е посилен , притисокот е помал, помалку сме анксиозни и подобро сме расположени.

joga_naslovna

Поефикасна е од лековите

Јогата е пред се анти-стресна дисциплина, но нејзината моќ е забалежителна и во третманот на болка во долниот дел на грбот , особено во случајот на ишијас. Истражувањата покажаа дека во овој случај јогата се покажала многу поефикасна од лековите. Сепак , многу важно е искусен инструктор по јога да процени кога е време да започнете со вежбање.

Во прилог на досега наведеното , се чини дека јогата е добра и за здравјето на срцето. Тоа го покажува и истражувањето на научниците од Индискиот институт за технологија Слични резултати дале и истражувањата направени во САД. Во САД, два месеци биле следени луѓе кои имаат висок крвен притисок. За ова време, со помош на јога техниките за дишење, нивните просечни респирации од 15 во минута се сведени на 10 во минута. На крајот, нивниот крвен притисок бил понизок за 10-15 единици, што е голема промена. Кога ќе се земе во предвид колку луѓе годишно умираат од хипертензија , станува јасно до кој степен јога дишењето пружа голема корист.

Сите можат да вежбаат јога

Јогата нè учи да дишеме правилно. Лесното и длабоко дишење ја зголемува виталноста и функцијата на белите дробови и овозможува релаксација на мазните мускули.

Најдоброто кај јогата е што му одговара на секого и нема несакани ефекти. Може да ја практикуваат и бремени жени , бидејќи тоа им помага да правилно да дишат и да се релаксираат .

Техниките на јога дишење се поделени во две групи. Првата група се состои од оние кои поттикнуваат, и се погодни за депресивни, меланхолични , инертни луѓе кои немаат доверба во себе, а втората техника се состои од смирувачки техники на дишење , кои се погодни за личности кои се полни со енергија, еуфорични , па дури и хистерични. Претходно , луѓето мора да научат да дишат правилно и да имаат правилна позиција на телото. Во светот, но и во нашата земја, се попопуларна еРеики Јога, која е комбинација на одредени јога асани со Реики техники за енергија.

Овој спој обезбедува подлабоко и пофокусирано продирање на животната енергија во нашето тело , а со тоа подобро психо- физичка кондиција. Станува збор за активен автотретман кој се спроведува под водство на инструктор, и во текот на кој се активира енергија со помош на снежнитеРеики симболи. Реики Јогата ја поттикнува волјата за живот, го зајакнува имунолошкиот систем, го регулира метаболизмот и го подмладува телото.

Постојат многу подвидови на јога. Од неодамна се практикува и јога за лице, кој делува како лифтинг. Тоа е сосема природна антиејџ програма, која е базирана на стандардните правила на јога. Жените кои ја пробале велат дека лицето веднаш блеснува и дека изгледаат помладо.

Лична карта на Јогата

• Јогата е стара повеќе од 5000 години

• Првите археолошки докази за нејзиното постоење се откриени на територијата на денешен Пакистан,

• Зборот “јога” настанал од санскритскиот корен “judž”, што значи “да се обедини”, “соедини”.

• Јогата се афирмирала пред се на Запад, како превентивна, терапевтска и анти-стресна метода на вежбање

• Системот на вежбање се состои од јога позиција или асана, техники на дишење – пранајама и техниките на длабока јога релаксација -нидра.

10 придобивки од вежбањето јога

• Го ублажува стресот

• ја намалува болката

• Го подобрува дишењето

• Ја подобрува подвижноста

• Дава сила

• ја регулира телесната тежина

• Ја подобрува циркулацијата

• Ги намалува кардиоваскуларните проблеми

• Го подобрува држењето на телото

• Нè враќа во сегашноста

Оваа листа, врз основа на клиничките испитувања, е составена и објавена од страна на највлијателната асоцијација на учители по јога во светот „Yoga Alliance “ (Јога сојуз)

Тагови: јогастрес