Јогата и пилатесот во денешните специјализирани студиjа и фитнес центри се водат како посебни програми за вежбање, а воедно можат да се најдат и како спој на двете методи под имињата yogalates, piloyoga и слично. Прочитајте ги основните разлики помеѓу јога и пилатес филозофиите на вежбање, како настанале, кои се најпознатите стилови и врсти на двата метода и што да облечете и понесете со себе од опрема на часовите по јога или пилатес.

 

Главната разлика помеѓу јогата и пилатесот

 

Јога буквално значи соединување, цврсто сврзување, па претставува целосен пристап спрема телото, умот и духот, кој се практикува преку вежбање, техники на дишење, медитација, исхрана и општо, преку духовен стил на живот. Накратко, кога зборуваме за јога, вежбањето претставува само еден од сегментите на целата филозофија на јогата. Пилатесот претставува уникатен систем на вежби за истегнување и сила фокусиран на телото и умот. Пилатесот на почетокот на 20тиот век го осмислил Јосеф Х. Пилатес со цел да создаде метод која истовремено ги јакне и обликува мускулите, го подобрува држењето на телото и помага во флексибилноста и рамнотежата.

 

Историја на настанувањето на јогата и пилатесот

 

 

Joseph-pilates2

Јосеф Пилатес

 

 

Јогата е филозофија стара повеќе од 5000 години за што сведочат и археолошките докази пронајдени во долината на Инд и во делови од денешен Пакистан на неколку камени печати и статуи на кои се прикажани човечки фигури во различни јога позиции. Кон крајот на 19-тиот век и почетокот на 20-тиот век се развива нов и модерен период на јогата, која започнала да се шири на запад, а во Индија се појавуваат многу домашни реформатори на традиционалните учења како Шри Ауробиндо, Свами Вивекананда, Шри Т. Кришнамачариа и др. Во 1924 година, Шри Т. Кришнамачариа го отворил првото училиште за јога во палатата Мисоре, а најпознатите негови ученици – Десикачар, К. Патаби, Б.K.С. Јенгар, Индра Деви, ја пренеле јогата каква што му е денес позната на западниот свет. Јосеф Х. Пилатес започнал да го развива својот систем вежби на почетокот на 20-тиот век во Германија, а во текот на Првата светска војна како и многу други бил заробен во Англија каде што ги развил вежбите денес познати како пилатес на простирка (мат пилатес). Откако емигрирал во Соединетите Американски држави, тој продолжил да ја развива пилатес методата, а во 1926 година во Њујорк го основа и првото официјално Пилатес студио. Уште од претставувањето пред американската култура, пилатес вежбите успеале да одржат константен број на свои верни следбеници. Истовремено, тие биле тајна која танчерите и актерите ја криеле за себе до крајот на 1920-те. Меѓу  првите ученици на Пилатес кои продолжиле да ја пренесуваат оваа метода, најистакнати се: Романа Кризановска, Кети Грант, Џеј Грајмс, Рон Флечер и други.

 

 

Joseph-Pilates

Јосеф Пилатес на 57 год

 

 

Дишење

 

Кога станува збор за вежбите, двата системи посебно внимание обрнуваат на фокусот на правилно дишење и поврзување на вдишувањата и издишувањата со движењето. Со практикување на јога позите (асани) се вдишува и издишува низ носот преку Ujjayi (вдишување на воздух кој произведува мек звук во задниот дел на грлото), со цел да се продлабочи здивот, да се зголеми капацитетот на белите дробови, да се смири нервниот систем, потоа да се заштити организмот од можни повреди при преминот од една во друга вежба. Јогата Пранајама, што значи збир на вежби за дишење и управување со животната енергија (прана) помага во смирување на телото и умот, и превенција од појавата на разни заболувања и болести на современото време. За време на изведувањето на пилатес вежбите, се вдишува преку нос и се издишува преку уста. Три-димензионалното вдишување (напред, странично и назад) се насочува во пониските делови на градниот кош, каде е најпогодна и размената на кислород, со цел да се намали напнатоста во рамената и вратот и заштита на `рбетот и карлицата.

 

Реквизити, справи или сопствена телесна тежина?

 

Во јогата се користи само сопственото тело при преминот од една вежба во друга вежба. Б.K.С. Јенгар вовел во јогата различни помошни средства како што се ремени, блокови, перници, просторки, кои не служат за да се додавање отпор, туку само за релаксација или да го олеснат изведувањето на некоја од поединечните варијанти на вежбите. Во пилатес вежбите на простирка (мат пилатесот), само сопственото тело може да  биде реквизит или се употребуваат разни реквизити како мали и големи топки, мали тегови, перничиња, ленти, ролери и слично. Реквизитите во пилатесот се користат за да ги потикнат длабинските мускули да се ангажираат, да отежнат или олеснат одредена вежба или да го релаксираат телото. Реформер справата Пилатес првобитно ја осмислил за поединецот што побрзо да напредува на вежбите на простирката и со тоа создал интелегентен систем на вежби кои уживаат голема популарност помеѓу спортистите и рекреативците ширум светот.

 

joga-vs-pilates_1

Вежбите во  Јога и Пилатес- разлики и предности

 

И двете методи поаѓаат од истовремено зајакнување и истегнување на мускулите од средината кон надворешноста, длабокото вдишување, релаксација и намалување на заморот и стресот, подобрување на секојдневните активности и превенција на развојот на разните болести на денешницата. Сепак, јога часовите пружаат посмирени и постатички положби, додека во пилатесот подинамичните вежби се повторуваат во серии, што повторно зависи од видот на часот или степенот на вежбање. Пилатес методата, пак,  е подетално ориентирана на анатомијата на човековото тело, правилните положби на ‘рбетот и карлицата, јога позите се базираат на масажа на внатрешните органи, енергетските нивоа (чакри), релаксација, медитација …

 

Облека и опрема за вежбање

 

Основната разлика помеѓу јогата и пилатесот е тоа што јогата се вежба со боси нозе, а пилатесот со чорапи, но секако и во двете методи се бара удобна облека изработена од природни материјали. Повеќето специјализирани студија и фитнес центри ја обезбедуваат потребната опрема за вежбање јога или пилатес, при што на часовите секогаш се користи простирка која за пилатесот е најчесто подебела (околу 1 сантиметар), додека за јогата е потенка. Простирката најчесто е долга од 1.80 до 2 метри за да одговара на секоја висина, а важно е да не се лизга кога ќе се постави на подот за сигурно изведување на вежбите. Иако постојат уште разлики помеѓу пилатесот и јогата како две методи на вежбање, важно е да се нагласи дека во јогата вежбањето е само еден од сегментите на целата јога филозофија, додека пилатесот претставува систем на вежби за физичка кондиција. И двата системи се фокусираат на спој на умот и телото и пружаат низа придобивки од вежбањето, па затоа нема да погрешите доколку ги испробате и едниот и другиот.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.