Јасенот и лутата пиперка го олеснуваат лумбагото
Лумбагото е ненадејна болка во рбетот, која настанува при незгодно движење, напрегање и нагло кревање товар, но може да биде последица и од настинка, односно ладење на овој дел од телото. Најчесто се јавува кај оние кои креваат и пренесуваат големи товари како и оние кои работат во подгрбавена пложба или кои седат долго време пред компјутер. Кога грбот е непрекинато во иста, принудно наведната положба, поради лошото држење мускулите стануваат се понапнати и се јавува болка, а често настануваат и трајни деформации на рбетот. Притисокот се повеќе се префрла на пршлените и дискусите, па може да стане толку многу силна, што фиброзниот прстен на дискусот пук и доаѓа до хернијација.
Причини
Како најчести ,,виновници,, за појавата на оваа болест се издвојуваат истегнувањата и повредите на мускулите и тетивите во долниот дел од грбот, кои настануваат како последица од прекумерно физичко напрегање. Овој вид на лумбаго лесно се препоанава и ефикасно се отстранува. Од друга страна,, постојат и ,,структурални,, предизвикувачи на ова заболување, кои се поврзани со градбата на телото и скелетот на пациентот. Овој лумбаго е многу поопасен, бидејќи тегобите се поинтензивни и посилни, a и значително многу потешко се лекуваат. Хроничниот артритис и остеопорозата исто така се чести причинители на болката во лумбалната регија. Конечно, не се ретки ни пациентите кои патат од лумбаго поради анатомски деформации во пределот на рбетот. Најопасни, но за среќа и најретки предизвикувачи на болка се канцер на рбетот или инфекции, и во таквите случаи болката која се јавува е проследена со треска и висока температура.
Превенција и прва помош
Лумбагото е сериозен проблем кој не може да се спречи, а превенцијата е посебно важна во случај на ризични работи кои вклучуваат тешка физичка работа или долготрајно седење и стоење. Се препорачуваат секојдневни вежби за истегнување, аеробик или пливање неколку пати неделно, лесни физички активности кои придонесуваат за оддржување на мускулниот тонус и еластичноста на рбетот и на грбот. Оддржувањето оптимална телесна тежина исто така е важно, бидејќи во случај на дебелина ратсе притисокот врз рбетот. Ако болките во грбот не се намалуваат, сте физички напори во следните 72 часа треба да се сведат на најмала можна мерка. Подолгото мирување и лежење само уште повеќе ја влошуваат ситуацијата, па ако се намалат тегобите – пациентот треба да се врати на секојдневните активности. Меѓутоа, ако болките не престанат, посетата на специјалист е задолжителна. Во текот на лекувањето се препорачуваат лекови против воспаленија и за смирување на болките.
Рецепти
Лук
Во аван истолчете 30 грама неизлупен лук, а потоа ставете го во тегла и прелијте го со 2 дл. сливова ракија. Оставете го да отстои преку ноќ. Потоа со оваа мешавина масирајте го болното место два-три пати дневно, кое по масажата треба да го стоплите со шал или со ќебе.
Сапунка
Измешајте по четири лажици ситно исецкани листови од сапунка, лута пиперка и лук и сето тоа ставете го во стаклена тегла и прелијте го со 1 литар домашна ракија. Поклопете го и држете го на топло место 20 дена. За тоа време матете го секојдневно. Потоа процедете го и со него масирајте ги болните места три пати дневно по 10 10 минути. По масажата, измијте го местото со млака вода и премачкајте го со маслиново масло.