Сакаме да си поставуваме цели и да веруваме дека можеме да усвои одредени навики, но понекогаш ни недостасуваат упорност за да го оствариме тоа. Овој метод треба да го реши тој проблем.

Во Јапонија не се предаваат толку лесно пред самите себе. Затоа, во нивната култура се користи техниката нареченаКаизен‘, кој се темели на ‘принципот на една минута‘. Оваа техника, која се состои од два збора – ‘каи’ (промена) и зен(мудрост), ја има осмислено Масаки Имаи, теоретичар по однесување во организација и советник за менаџмент, човек кој верува дека оваа филозофија е подеднакво успешна и применлива како во деловниот така и во приватниот живот.

Суштината на овој метод лежи во идејата дека секојдневно е доволна само една минута за да ги промениме своите навики и да го облагодариме животот. Клучот е во тоа таа ,,револуционерна,, минута да биде секој ден и во исто време.

Звучи неверојатно, но и доволно временски занемарливо што никој нема оправдување за да се откаже. Притоа е сосема сеедно дали секој ден, да кажеме во 7 часот наутро, ќе правите една минута чучнувања, ќе прочитате книга на странски јазик или само ќе дишете длабоко и мирно.

Каизенметодот, убедени се Јапонците, ќе ја претворат вашата нова мала рутина во активност која ќе ви претставува среќа и задоволство, а благодарение токму на ситните чекори ќе напредуваѕе кон самоусовршување и ќе остварите одлични резултати.

Сите знаеме дека е најтешко да се започне, а овој метод го овозможува токму тоа: спознанието дека сте се поместиле од мртва точка и самиот факт дека сте започнале нешто. Поттикнати со тоа спознание, со тек на време ќе почнете да ги продолжувате вашите ,,минути на промена,, и таа ќе станува се посмислена.

Тагови: мрзеливост
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина