Се чини дека јајцата се намирница која заговорниците на здрава исхрана ги дели во два табора: едни кои сметаат дека јајцата мора да се наоѓаат секојдневно на нашето мени и другите, кои мислат дека јајцата смеат да се јадат само два пати неделно. Токму поради ваквите поделени мислења, во Кина е спроведено големо над околу половина милион луѓе, чии резултати одат во прилог на идејата дека јајцата треба да бидат дел од нашата секојдневна исхрана. Имено, заговорниците на идејата дека јајцата треба да се сведат на минимум, веруваат дека тие влијаат на повишеното ниво холестерол и дека се штетни за кардиоваскулаторниот систем. Меѓутоа, со новото истражување се покажало дека оваа идеја е само претпоставка која е неоснована.

 

Истражувањето после 9 годни констатно следење на испитаниците покажало дека онаа група која јадела јајца секој ден имала за 26% помал ризик  за мозочен удар и 18% помал ризик од срцев удар. Ова истражување извело заклучок дека едно јајца дневно не влијае негативно врз кардиоваскулаторниот систем, туку дека дури може да биде полезно по здравјето. Јајцето е намирница која има висока нутритивна вредност, бидејќи е хранливо, богато е со протеини и со витамините А, Д и Б, па од овие причини нутриционистите препорачуваат да се консумира секој ден, бидејќи е неопходна потреба на организмот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина