Во борбата против целулитот е најважна здравата исхрана со многу овошје, но и зеленчук. Зеленчукот содржи многу витамини и минерали кои се неопходни за воспоставување и зајакнување на сврзното ткиво. Зголемувањето на внесот на зеленчук во исхраната, во комбинација со внесување помали количини на шеќер (прости јагленохидрати), како и зголемено внесување на протеини и вода, помага и во воспоставување на нормалните нивоа на естроген во крвта и регулирање на шеќерот во крвта, кои се исто така важни фактори во борбата против целулитот.

Не заборавајте дека во борбата против целулитот и несаканите килограми, потребно е трајно да се променат навиките во исхраната. Фундаменталните промени во исхраната секако можат да му помогнат на вашето сврзно ткиво да биде поцврсто, а несаканите дупчиња во кожата на бутовите и задникот помали.

Зошто зеленчук?

Свежиот зеленчук содржи повеќе витамин Ц речиси од било кое овошје. А бидејќи витаминот Ц игра главна улога во воспоставувањето и зајакнувањето на сврзното ткиво, најдоброто нешто што можете да го направите за да ја остварите вашата желба – мазна кожа на задникот и бутовите е секој ден на своето мени да имате неколку порции зеленчук, и тоа особено свеж.

Нека салатата од свеж зеленчук стане дел од вашиот секојдневен живот, а со секој ручек и вечера јадете и варен зеленчук. Со зеленчук заменете ги прилозите кои досега ги јадевте со месото, како што се тестенините или лебот. Витамински Ц – бомби особено се свежиот спанаќ, црвената пиперка, брокулата, кељот и магдоносот.

За зајакнувањето на сврзните ткива, исто така, влијаат и одредени аминокиселини и селенот, кои исто така, се наоѓаат во многу зеленчуци и овошја. Калиумот, пак, помага против задржувањето на течностите и штетните материи во ткивата, а зеленчуци особено богати со калиум се доматите, слаткиот компир, карфиолот и аспарагусот.

1.Сладок компир

Еден од најстарите зеленчуци познати на човекот, а воедно и еден од најхранливите и најздрави зеленчуци, кои се идеални и во борбата против целулитот. Содржат калиум, витамини Ц и Е, како и бета каротен. Заради коренестите протеини се одличен антиоксиданс. Општо земено, слаткиот компир е број еден помеѓу зеленчуците кои помагаат за подобрена циркулација на крвта и елиминација на отровите – двете најважни работи кога сакате да се ослободите од целулитот.

celulit_2

2. Брокула

Овој зелен зеленчук е одличен борец против целулитот поради три причини: прво -брокулата содржи алфа липоична киселина, која помага против стврднувањето на колагенот. Второ- брокулата е концентриран извор на витамин Ц и одличен извор на диетални влакна. Конечно- брокулата е еден од најдобрите немлечни извори на калциумот, кој е одличен борец против целулитот.

3. Зелје

Консумирањето на зелениот лиснат зеленчук, во кои спаѓа и зелјето е одличен сојузник во борбата против целулитот.

Овој зеленчук, освен витамин Ц, содржи и супстанција наречена индол – 3 – карбинол (I3C), која, кога се јаде, во организмот се претвора во ди – индолил метан (DIM). Ензимите на DIM му помагаат на црниот дроб да го блокира производството на естрогенот 16 – OH , штетни материи кои се исто така одговорни за губење на квалитетот на колагенот.

И, не заборавајте!

Кога го готвите зеленчукот, секогаш осигурајте се дека зеленчукот го готвите или динстате на тивок оган, со што помалку вода или на пареа. На овој начин ќе задржите повеќе витамини да останат во зеленчукот. И, конечно, не заборавајте дека во борбата против целулитот, заедно со правилната исхрана и многу вода, секако помага и физичката активност.