Храната која доаѓа исклучиво од природата честопати наликува на одредени делови од нашето тело. Според старите верувања, токму обликот открива за што е посебно добра и лековита. Ова се 12 видови храна која со својот облик покажува за кој дел од телото е добра и на кој начин делува:

 

1.Грејпфрут – дојки

 

Грејпфрутот, портокалите и другите агруми одвнатре потсетуваат на женските млечни жлезди во градите, а помагаат за циркулирање на лимфата низ дојките. Грејфрутот содржи лимоноид, за кој е откриено дека штити од рак.

 

2. Орев – мозок

 

Оревите од дамнина се познати како храна за мозокот. Добар извор се на омега-3 масните киселини и имаат повеќе антиоксиданси, фолна киселина (витамин Б9) и витамин Е од другите јакткасти плодови.

 

3. Морков – очи

 

Откако ќе пресечете морков, можете да видите како нејзината внатрешност наликува на око, попрецизно кажано на зеница. Бета-каротенот од морковот (кој и му ја дава портокаловата боја) помага за оддржување на здравиот вид, штити од макуларна дегенерација и развој на катаракта.

 

4. Целер – коски

 

Лисјата од целерот потсетуваат на коски, а целерот содржи силициум, кој е дел од она што им дава цврстина на коските. И еден детал – коските содржат 23% натриум, а 1% од него се наоѓа во целерот.

 

5. Домати – срце

 

Доматот потсетува на пресекот на срце – има ,,клетки и претклетки,,. Доматот има најмногу ликопен од другите овошја, а тој е одлична храна за срцето и крвта. Ликопенот докажано го намалува ризикот од срцеви болести. Во доматите има и голема количина Ц витамин што е, исто така, важно за здравјето на срцето.

 

6. Печурки – уво

 

Пресекот на печурката наликува на уво, а тие се преплни со витамин Д, кој е нужен за спречување на губењето на слухот. Затоа, ако не сакате да носите слушно апаратче, јадете печурки.

 

7. Авокадо – матка

 

По облик авокадото потсетуба на матка и на грлото на матката, а истражувањата покажале дека придонесува за рамнотежа на хормоните во телото и спречува рак на грлото на матката. Колку што е потребно за детето да се раазвие во матката – девет месеци – толку му е потребно на авокадото за од цвет да стане плод.

 

8. Ѓумбир – желудник

 

Со векови се користи како лек за желудник. Докажано е дека помага и за дигестијата. Исто така, неговата главна состојка – гингеролот, е одличен во борбата против мачнини и повраќање.

 

9. Грозје – бели дробови

 

Грозјето наликува на алвеолите во белите дробови, кои овозможуваат минување на кислородот во крвотокот. Исхраната богата со грозје помага во борбата против ракот на белите дробови. Неговите семки ја содржат хемикалијата проантоцијанид, кој ја намалува јачината на нападите од астма предизвикана од алергија.

 

10. Сладок компир – панкреас

 

Овој вид компир му помага на панкреасот така што го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа, богат е со витамин Б6, кој го забавува растот на рак на панкреасот.

 

11. Грав – бубрези

 

За гравот велат дека ги лекува бубрезите и помага за нивно нормално работење. Кога ќе го погледнете гравот, тој навистина има облик на бубрег.

 

12. Смоква – тестиси

 

Семките од смоквата потсетуваат на смерматозоиди. Докажано е дека смоквата ја зголемува подвижноста на сперматозоидите, што директно влијае на плодноста на мажите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина