Кандидата е паразитска габа која живее во секој од нас во нормални околности. Живее во долниот дел од цревата и е под контрола на телесниот одбранбен механизам, бидејќи таа е ,,пријателска,,, бактерија која на одреден начин ја стимулира, но и ја инхибира активноста на цревата. Кандидата живее во дигестивниот тракт, но може да се пробие и во крвотокот и да се рашири низ целото тело. Заболувањето кое притоа настанува се нарекува кандидијаза. Кандидијазата може да биде последица од употреба на антибиотици, алкохол, стрес или од преголемо внесување шеќери и земање контрацептивни таблети. Ако одреден број фактори коинцидира со ослабеноста на овие одбранбени системи, кандидата може да се прошири и во другите делови од утробата, така што овој бенигнен вид на габа почнува да се шири и да ја напаѓа слузокожата. Кога ќе дојде до тоа, таа го зафаќа коренот на слузокожата на органите за варење, ја оштетува и така овозможува продирање во крвотокот на делумно сварените намирници, а со нив во крвотокот навлегуваат и разни токсични елементи. Кога ќе се случи тоа, не само што оваа габа се шири и се вгнездува по нашето тело, туку и предизвикува и алергиски реакции поради тоа што во крвотокот навлегле несакани честички. Тоа понатаму води со наслабнување на одбранбениот (имунолошкиот) систем на нашето тело.

Симптоми: Во оваа фаза можат да се забележат разни симптоми, од кои посебно чести се следниве: потешкотии со варењето, надуеност и појава на гасови, пролив или опстипација, циститис и тегоби во генитално – уринарните органи, синдром на тегоби пред менструација, болни и иритирачки менструации, црвенило (во устата или во вагината), депресија и анкциозност, замор, мигрена и други главоболки, чести инфекции на горните дишни патишта и цела низа алергии.

Кандидијазата напаѓа 75% од жените, додека во 10% случаи станува траен проблем. Со здрава исхрана и со промена на животните навики, сепак габите можат да се исфрлат од организмот.

Сфатете во што е проблемот

Утврдете поради што дошло до ширење на кандидатата. Само тогаш можете да ја отстраните.

Поттикнете го растот на пробиотиците – добрите бактерии

Додадете во исхраната ферментирана храна, како што е кисела зелка, јогурт, кефир, бидејќи се одличен извор на добра флора за варење, која ќе го урамнотежи внатрешниот еко – систем. Добрите бактерии ќе ги истуркаат лошите габи со помош на варењето, ќе го зајакнат имунитетот и ќе ја сопрат желбата за шеќер.

Органска храна

Јадете органски одгледувани производи, кои имаат помалку токсини и повеќе антиоксиданси, витамини и минерали за разлика од конвенционално одгледуваните. Додека телото ви закрепнува, тоа е почувствително на делувањето на пестиците и токсините од околината, па затоа внимавајте што јадете.

Јадете храна која кандидата не ја сака

Кокосово масло, бадеми, семки од тиква, сок од лимон и лимета, алги, лук, кромид, ѓумбир и лута пиперка го спречуваат растот на кандидата. Сите овие намирници содржат антигабични и антипаразитски состојки кои помагаат во одржувањето на здрава pH, така што крвта станува побазна, односно се намалува киселост.

Исфрлете го шеќерот од исхраната

Овде е вклучен и природниот шеќер од млечните производи и овошјето (со исклучок на лимоновиот сок), како и медот и разните сирупи. Габата кандида се храни со шеќерот, а ваша цел е да ја изгледните до смрт. Како што габата полека ќе исчезнува, можеби ќе почувствувате некои негативни реакции кои ги предизвикуваат метаболичките нуспроизводи. Тоа се симптоми како мачнина, треска, отечени жлезди, акни и главоболки. Сите тие се знак дека новата исхрана делува, така што сега не треба да се откажете.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина