Состојки:

2 главици кромид

2 моркова

4 снопчиња целер

1 лажица маслиново масло

2 лажици шеќер

4 чешниња лук

2 лажици доматно пире

2 дафинови листови

неколку гранчиња мајчина душица

3 тиквички

400 гр. грав

400 гр. исецкани свежи домати

1.2 литри зеленчукова бистра супа

100 гр. пармезан

140 гр. тестенини (по избор)

 

Подготовка:

Исецканиот кромид се динста заедно со исецканите морков и целер околу 20 минути на маслиново масло. Им се додаваат шеќерот, лукот, доматното пире, гравот, тиквичките ситно исецкани, дафиновите листови и мајчината душица. Се вари околу 5 минути на средно силен оган. Потоа им се додаваат свежите домати и топлата зеленчукова супа. Се вари уште 20 минути. На крај им се додаваат 50 гр. пармезан и тестенините. Се вари уште 8 минути. Со останатиот пармезан се поросува готовата супа послужена во чинија.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина