Женскиот организам во текот на месец дена претрпува големи промени. Осцилациите се особено забележливи во хормонскиот статус, се менува составот и се губи крв. Поради тоа е потребно храната да се прилагодува од недела во недела. Притоа значајна помош може да им бидат етеричните масла.

Една недела по циклусот започнува режимот на ,,обнова на организмот,,. Оваа програма треба да се започне од првиот ден по престанување на крварењето, а секоја фаза треба да трае седум дена.

Ова е планот на исхрана

7 дена по циклусот фоликуларна фаза – свежа и ферментирана храна

Во овој период расте нивото на естрогенот. Затоа најдобар избор се брокулата, киселата зелка и гравот.

14 дена по циклусот на фазата на овулација – цедени сокови и свеж зеленчук

Храната богата со влакна и антиоксиданси ќе помогне нивото на естрогенот да се доведе во ред. Навалете на свежо овошје и зеленчук, цедете свежи сокови. Во оваа фаза вметнете го и кељот.

21 ден по циклусот лутеална фаза – зелени растенија и житарки

Сега и прогестеронот и естрогенот ,,дивеат,,, па можни се многу силни осцилации на расположението. Затоа бирајте намирници богати со витамин Б, кои ќе го поттикнат производството на сератонин. Се препорачуваат киноа и хељда, житарки кои можат да одиграат клучна улога во овој период. На менито вклучете и колку што можете повеќе зеленчук.

28 ден и менструална фаза – квалитетни масти и свеж зеленчук

 

Нивото на хормоните се враќа во нормала. На вашето мени треба да има намирници како што се лососот, авокадото, кои ќе го држат расположението ,,под контрола,,. Исто така, подготвувајте оброци со млад компир, тиква, морков и боранија.

Од друга страна, дополнителна помош можат да пружат и етеричните масла. Се советува да се користат и за време на циклусот, но и за време на ,,обичните денови,, а најдобро во лампите за ароматерапија или во масажните масла и креми.
Препорачливо е етеричното масло од чемпрес кај обилни крварења. Ефектот на подобрување ќе се постигне и со етерично масло од германиум или растението нероли, кое е всушност горчлив портокал. Без сомнение, овие масла помагаат, само е важно да не се нанесуваат директно на кожата.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина