Ирисот – огледало на здравјето
Ирисот е поделен на 12 сегменти и 7 концентрични кругови, со средиште во зеницата на окото, при што секој сегмент или круг може да се поврзе со одделен орган. Иридологијата тргнува од фактот дека ирисот е составен од стотици илјади нервни завршетови, кои сеповрзани со секое ткиво во телото, и со претпоставката дека преку нервните импулси преку мозокот до неа се пренесуваат промените на органите коисе манифстираат како промена на бојата или лезии. Се смета дека ирисот од десното око го одразува здравјето на десната страна од телото, а ирисот на левото око – состојбата на телото од левата страна. Парните органи (белите дробови или бубрезите, на пример), можат да се најдат и во едниот и во другиот ирис ,па затоа секогаш е добро да се набљудуваат заедно.
Промената на бојата на ирисот упатува на склоност кон одредени здравствени проблеми, исто како и точките и дамките со друга боја на основната боја на ирисот. Постојат и промени кои можат да се видат со голо око, како што е, на пример, бел прстен околу ирисот, кои исто така упатуваат на одредени проблеми.
Обратете внимание на прстени и во зеницата од окото. Ако зеницата нема јасна боја, тоа може да биде знак за труење на телото. Луѓето со сини очи на сино-бела или сино-сива подлога мора да се чуваат од алергии, проблеми со слузницата, кожни проблеми, сува кожа и псоријаза, оптоварување на бубрезите и слабост на надбубрежната жлезда. Можна е и слаба штитна жлезда и проблеми со варењето. Внимавајте на крајниците, горните дишни патишта, гениталиите и ѕидот на желудникот и на тенкото црево.
Мешано око претставува комбинација од кафеава и сина. Обично се работи за светлокафеаво око на сина позадина. Овие луѓе мора да се чуваат од проблеми со црниот дроб, а постои и ризик да имаат лошо варење, слаба работа на панкреасот, проблеми со шеќерот, надуеност, пролив и запек. Тие исто така можат да имаат проблеми со контрола на бесот, а не се исклучени ни депресија, главоболка и нагли промени на расположението. Можна е и здрвеност, несоница и тешко будење наутро.
Чисто кафеавите очи ја зголемуваат веројатноста за болести на крвта. Овие луѓе посебно мора да внимаваат на крвотокот и на органите кои ја прочистуваат крвта (црниот дроб, слезината и коскената срж). Во опасност се дигестивниот систем и ендокрините жлезди, а можни се и проблеми со варењето, лоша работа на црниот дроб и жолчката како и проблеми со жлездите.
Боја
Жолтите дамки, линии или сенки упатуваат на проблеми со жолчниот меур или бубрезите. Портокаловите промени во окото носат проблеми при разградување на јагленохидратите, а тоа упатува на слабост на црниот дроб и на панкреасот. Можни се и проблеми со шеќерот. Кафеавата боја која се појавува на зеницата упатува на проблем со црниот дроб.
Видови прстени во шареницата
При вообичаен преглед на окото овие прстени сигурно нема да ги видите, бидејќи не се нагласени. Но, тие со сигурност упатуваат на здравствени проблеми и исто така можат да кажат многу за карактерот на личноста. Се разликуваат неколку прстени.
Прстен на намери: темен појас околу надворешниот раб на зеницата, упатува и на проблеми со кожата. Може да се работи за личност која не е чувствителна на туѓите чувства и која не сака да ги споделува своите чувства, па честопати се повлекува во себе.
Прстени на слобода: личат како годовите на стеблата. Откриваат стрес и напнатост на мускулите, но и личност која е перфексционист и која никогаш не е задоволна. Тоа е личност која тежнее кон успех.
Прстен на складност: личи како ситен круг од облак околу надворешниот дел од зеницата. Открива проблеми со синусите, ушите и бубрезите. Ова се луѓе кои се земаат на срце – и туѓите и своите проблеми. Сакаат се околу нив да биде совршено.