Инулин – пробиотик важен за вашето здравје
Дека храната не служи само за да се задоволат нашите непца и да се задоволи гладот, зборува и народната поговорка која вели дека здравјето влегува на устата. Намирниците од растително и животинско потекло во својот состав имаат соединенија кои можат да имаат големо влијание на нашето здравје. Таков е инулинот, за кое треба да го знаете следново:
Инулинот е соединение кое се наоѓа во коренот на некои растенија испаѓа во групата на растителни влакна. Цикоријата е растение кое има најмногу инулин во себе и кое се користи за производство на суплементи. Поради својата структура, инулинот доаѓа непроменет до дебелото црево, каде ферментира под влијание на ,,добрите,, бактерии, што го става во групата на пробиотици.
Како резултат од неговата ниска калориска вредност, инулинот се користи во производството на многу прехранбени производи како замена за маснотиите.
Значењето на инулинот во секојдневната исхрана
- Помага во намалувањето на нивото на холестеролот во крвта.
- Го подобрува здравјето на дигестивниот тракт и го стимулира размножувањето н ,,добрите,, бактерии во цревата.
- Делува позитивно на контролата на нивото на инсулин во крвта, а со самото тоа го контолира и самиот дијабетес кај болните.
- Ја подобрува апсорпцијата на калциумот, магнезиумот и фосфорот, па со тоа може да се спречи настанокот на остеопорозата.
- Го намалува таложењето на триглицеридите во црниот дроб и така се намалува ризикот од артериосклероза.
Кој треба да води сметка за количината на внесување на инулин?
Оние кои имаат гастоинтстинални проблеми, треба да го ограничат консумирањето на инулин во организмот, бидејќи тој може да предизвика: надуеност, гасови, грчеви, пролив и брзо работење на цревата.
Оние кои се склони на алергии, посебно на амброзија и полен, треба да го ограничат, а во одделни случаи дури и да ја укинат употребата на суплементи кои содржат инулин. Бидејќи цикоријата и амброзијата се сродни видови, поголеми и помали количини суплементи кои содржат инулин може да предизвика астма, осип и контактен дерматитис.
Намирници богати со инулин
Инулинот се наоѓа во артичоките, бананите, чичоките, лукот, шпарглите и празот.