Луѓето ризикуваат да заболат од деменција бидејќи се повеќе се потпираат на Интернетот, наместо да се потрудат да се потсетат на информациите кои им се потребни и така да го вежбаат мозокот.

 

Некогаш одговорите на сите прашања ги баравме во своето сеќавање, а денес за тоа на помош го викаме својот најдобар пријател – “Гугл”. А, не би требало.

 

За да не служи мозокот, мора да го употребуваме. А таа работа му ја препуштаме на Интернетот, што може да има сериозни последици. Професорот Френк Ган Мур, од Универзитетот во Сент Ендрјуз, предупредува дека луѓето ризикуваат да заболат од деменција, поради тоа што се повеќе се потпираат на Интернетот наместо да се потрудат да се потсетат на информациите кои им се потребни и така да го вежбаат мозокот. Според него, експериментот е во тек и дури сега ќе се види какви последици врз мозокот ќе остави фактот што се поретко го користиме. Професорот тврди дека доколку водиме здрав начин на живот, за една третина ќе можеме да го намалиме бројот на заболени од деменција во иднина.

 

Но, поради тоа што истото тоа важи за болестите на срцето, а бројот на болни од прекумерна дебелина е се поголем, не е оптимист кога станува збор за нашата подготвеност да го смениме животниот стил.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина